20 вистини за исполнет живот

20 вистини за исполнет живот

Животот одвреме-навреме навистина знае да биде тежок и понекогаш е скоро невозможно да станете од кревет наутро. Но, верувајте тие периоди секогаш поминуваат и со тек на време ќе научите нешто од тие ситуации. Доколку се чувствувате преплавено или изморено од вашиот живот, погледнете ги наредниве 20 вистини кои ќе ви помогнат полека да го најдете патот до вашиот внатрешен мир…

20 вистини за исполнет живот

1. Видете се колку сте навистина прекрасни.

2. Дозволете си да чувствувате. Тоа може да биде како детоксикација за вашата душа.

3. Имајте повеќе верба во вашите соништа отколку во вашите стравови.

4. Откажете се од она што веќе не ви е корисно.

5. Никогаш не се смирувајте сосема. Останете по малку луди и детинести.

6. Слушајте ја мудроста на вашето тело. Тоа секогаш знае што ви е потребно.

7. Верувајте дека таму некаде постои план кој е поголем од вашиот. Еден ден сѐ ќе има смисла.

8. Правете повеќе нешта што ве прават среќни.

9. Станете свој најдобар пријател.

10. Секогаш бидете во близина на оние нешта кои ви ја одржуваат возбудата за живот.

11. Повлечете се духовно во себе за инспирација. Вашето срце го знае патот. Верувајте му.

12. Научете да го сакате сопственото друштво. Во тој случај никогаш нема да бидете осамени.

13. Не се губете себеси во сопствениот страв.

14. Не се плашете да се откажете од нешто што веќе не функционира. Не е откажување ако си одите од нешто што ве повредува.

15. Бидете свесни за вашата состојба. Дали бегате од нешто или трчате кон нешто?

16. Она што го гледаме во животот многу зависи од она што го бараме. Верувајте во добрината, бидејќи таа секогаш е таму ако ја побарате.

17. Не дозволувајте вашите рани да ве претворат во нешто што не сте. Вие сте многу посилни отколку што мислите.

18. Не заборавајте да си простувате себеси. Во тоа време, сте го сториле најдоброто што сте можеле.

19. Имајте на ум дека не секогаш ќе го добиете она што го сакате, но со сигурност СЕКОГАШ ќе го добивате она што ви е потребно.

20. Отворете се кон љубовта. Светот има потреба токму од она што сте.

Животот е премногу краток за го поминете во војна со себеси и со светот. Вие не сте сами, вие сте сакани. И сите сме благодарни затоа што сте тука. Вие значите. Никогаш не го заборавајте тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар