Силни девојки, отворете го срцето и чувствувајте со целата душа!

Заборавете ги сите оние коментари дека силните девојки не чувствуваат, ниту пак љубат или се грижат. Заборавете на идејата да бидете горди кога држите сè потиснато во себе. Заборавете да се сакате помалку кога имате потреба да експлодирате со емоции. Едноставно заборавете на овие нешта и препуштете им се чувствата.

Почувствувајте ја косата што ветрот ви ја дува наназад додека излегува гласна смеа од вашето грло. Почувствувајте ја болката во стомакот и солзите што ви се слеваат по образите кога едноставно не можете доволно да се изнасмеете.

Почувствувајте ја слободата во вашата душа додека танцувате во вашата соба. Почувствувајте ја сензацијата на косата што ве милува по лицето додека сте изгубени во песната. Секогаш чувствувајте ги зборовите што ве допираат во срце, и што во тој момент, конечно ги разбирате.

Почувствувајте го скршеното срце кога ќе ве повредат. Предајте ѝ се на болката и исплачете се колку што ви е потребно. Почувствувајте го стравот и лошото чувство во стомакот. Исфрлете ги сите овие негативни емоции така што ќе ги доживеете во целост.

Почувствувајте го гневот што ви ја пали кожата кога ќе сфатите дека сте биле лошо третирани. Почувствувајте го разочарувањето кога сте доживеале неуспех откако сте направиле сè правилно. А потоа, вратете се назад во сегашноста и бидете уште подобри.

Чувствувајте ги сите овие нешта и сакајте се повеќе од кога било порано, затоа што на тој начин веќе нема да има негативен глас во вас што ќе се обидува да ве убеди дека не вредите или дека не го заслужувате животот што сакате да го живеете.

Веќе нема потреба да се осудувате кога ќе ја покажете својата душа или кога ќе се „разголите“ емотивно пред некого. Веќе не треба да се двоумите дали сте силни поради емоциите што ги чувствувате. Нема потреба ни да притискате сè во себе и да се повредувате.

Не треба да бидете отрпнати за да бидете силни. Вие треба да чувствувате – потребна ви е љубов и потребна ви е грижа! Дури и кога е тешко. Особено тогаш. Затоа што токму во тие моменти и вие сте најсилни!

Затоа, од сега па натаму, секогаш чувствувајте!

Дознајте и зошто најсилните девојки се оние што имале најлошо детство!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар