10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Кога размислувате како да го задржите младешкиот изглед, почнувате да читате за различни серуми и лосиони што ветуваат вечна младост. Сепак, сè може да има огромно влијание врз вашиот изглед, од фризурата до трепките. За среќа, постојат неколку начини да изгледате помладо што не бараат ништо повеќе од неколку промени во вашиот изглед.

1. Избегнувајте нанесување премногу шминка

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Контурирањето стана тренд и многу жени редовно го практикуваа мислејќи дека ќе изгледаат пософистицирано. Сепак, ова не е добра опција ако сакате да изгледате помладо. Исто така, треба да избегнувате нанесување маскара на долните трепки бидејќи тоа прави сенка и изгледа како да имате темни кругови околу очите.

2. Носете соодветна големина на градник

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Изберете соодветна големина на градник. Како прво, тоа ќе ви помогне да имате правилно држење на телото. Исто така, ќе изгледате повисоко и послабо. Лабавиот градник може да предизвика вашите гради да висат. Ако сакате да изгледате помладо, наместете ги вашите гради во соодветна позиција. Совршената позиција за нив е на средина помеѓу лактот и рамото.

3. Возењето автомобил ја забрзува појавата на брчки

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Ако поминувате многу време во возење, можно е да имате повеќе брчки, особено од едната страна бидејќи прозорците на автомобилот не ве штитат од опасните сончеви зраци. Затоа е важно секогаш да нанесувате крем со заштитен фактор на лицето и на вратот.

4. Подебели веѓи

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Како што стареете, почнувате да губите коса, а веѓите не се исклучок. Оставете ги вашите веѓи да бидат подебели или научете како природно да ги пополните со употреба на шминка.

5. Користете црвен кармин

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Како што стареете, природните линии околу усните избледуваат, па затоа е подобро да нанесувате црвен кармин или барем црвени нијанси. Оваа боја не само што ја симболизира младоста, туку и женственоста, сексуалноста, убавината и здравјето.

6. Навиткајте ги трепките

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Виткањето на трепките ќе ви ги отвори очите и ќе изгледате расонети и помлади, а најдобро е да нанесете бебешка пудра на трепките пред да нанесете маскара.

7. Користете го руменилото на соодветен начин

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Нанесете руменило на јаготките, односно на горниот дел на образите и не нанесувајте на шуплините на образите. Како што стареете, лицето ќе губи маснотии, а образите природно ќе бидат малку вдлабнати.

8. Внимавајте на држењето на телото

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Лошата поза може да направи да изгледате постари отколку што сте. Избегнувајте да бидете подгрбавени додека седите или стоите. Кога зборувате на телефон, не држете го со рамото, не носете преполни торби и внимателно кревајте ги тешките предмети. Ова не само што ќе резултира со помлад изглед, туку може да помогне и со болките во грбот, вратот и рамото, главоболки, тешкотии во дишењето и замор.

9. Носете светла облека

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Наполнете го вашиот плакар со весели бои како зелена, сина, бела или портокалова боја. Таквите бои ќе го осветлат вашето лице и ќе ја истакнат вашата убавина. Оставете ја настрана облеката во неутрални бои, во сива и во црна боја. Овие бои може да направат да изгледате послабо, но и постаро. Меѓутоа, ако сè уште сакате да носите панталони и маици во темна боја, треба да користите светол накит или други шарени додатоци.

10. Средете ја косата

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо

Долгите прамени ќе го прикријат процесот на стареење. Тие ќе ги ублажат цртите на лицето, ќе го стават фокусот на очите и ќе ги скријат брчките. Кратката боб фризура, косата со средна должина или брановидната и неуредната коса ќе го обликуваат вашиот изглед и ќе изгледате помладо.

Прочитајте кои 7 навики ја продолжуваат младоста, а ќе ви бидат потребни само неколку минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар