7 навики за продолжување на младоста: Овие ситници значат многу, а потребни ви се само неколку минути

7 навики за продолжување на младоста: Овие ситници значат многу, а потребни ви се само неколку минути

Постојат корисни навики што ќе направат годините да бидат само број, а во продолжение прочитајте кои 7 навики ќе ви помогнат да изгледате помладо.

7 навики за продолжување на младоста: Овие ситници значат многу, а потребни ви се само неколку минути

1. Правилно будење

Наутро треба добро да се истегнете, да размислувате за нешто убаво и нежно да ја масирате главата. Масажата ќе ви помогне да се разбудите, да го активирате лимфниот систем, да го подобрите расположението и да го подобрите квалитетот на косата.

2. Активирајте се со вода

Водата совршено ги апсорбира и ги запомнува сите информации. Додека пиете вода, во себе кажете си искрени зборови, заблагодарете се, размислете за љубовта што ја чувствувате кон себе, кон вашите најблиски и кон универзумот и размислете за замислените желби. Ќе видите дека вашите желби наскоро ќе почнат да се остваруваат. Ова е стара, докажана техника што ја практикуваат многу луѓе.

3. Вклучете хелда и магдонос во вашата исхрана

Само 150-200 грама хелда и магдонос во секојдневната исхрана може да придонесат за намалување на килограмите. Вашата кожа ќе ви биде благодарна, ќе имате повеќе енергија и вашето здравје ќе се подобри.

Хелдата ги надминува сите житарки според содржината на железо. Количината на елементи во трагови е поголема од 37% и таа го обезбедува организмот со хемоглобин и ја регулира функцијата на снабдувањето на организмот со крв.

Кашата од хелда го снабдува телото со калиум, што помага да се зајакнат коскеното ткиво и васкуларните ѕидови, помага во одржувањето на рамнотежата на вода и сол, а високото ниво на флавониди, кварцетин и рутин ја намалуваат пропустливоста на крвните садови и ги зајакнуваат.

Хелдата е особено корисна во исхраната на бремените жени и на децата, како и во постоперативниот период и во превентивните мерки против ракот и против некои други болести.

Високата содржина на диетални влакна ја прави хелдата неопходна намирница за дијабетичарите. Влакната помагаат во намалување на нивото на шеќерот – таа почнува да дејствува еден или два часа по консумирањето. Го подобрува варењето на храната и ја стимулира работата на дебелото црево.

Хелдата е одличен антиоксидант затоа што содржи фолна киселина, токоферол и селен и овозможува брза елиминација на слободните радикали од телото, го намалува холестеролот и ги регулира функциите на нервниот систем.

Хелдата штити од вируси и од патогени бактерии.

4. Исправете го грбот, поправете го држењето на телото

Подбрадокот и дебелото лице најдобро ќе ги скриете со соодветно држење на телото. Исправете ја главата и држете ја брадата паралелно со подот.

5. Насмејте се

Устата нека ви биде опуштена, а лицето со половина насмевка. Ваквиот израз на лицето ќе ги воодушеви другите и ќе ги натера и тие да се расположат. Ова ќе го подобри и вашето расположение затоа што насмевката ќе му сигнализира на вашиот мозок дека сте среќни.

6. Прегрнете ги вашите најблиски

Прегрнувањето ве прави среќни, ги зајакнува мускулите на срцето, го подобрува расположението, ги воодушевува присутните и предизвикува лачење на хормонот на среќата.

7. Вежбајте

Не мора тоа да биде тренинг во теретана, доволно е секое утро да правите неколку правилни вежби кои ќе го раздвижат вашето тело. Вежбите ќе го разбудат телото, ќе ги стимулираат органите и ќе придонесат за здравјето на целото тело.

Прочитајте ги овие 3 едноставни и евтини начини како да изгледате помладо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар