10 романтични гестови со кои ќе му покажете колку го сакате

10 романтични гестови со кои ќе му покажете колку го сакате

Вообичаено, кога ќе помислиме на романтичен гест, претпоставуваме дека мажот е оној којшто го прави. Всушност, голем број жени сметаат дека ако му направат романтично изненадување на својот партнер тој ќе се навреди. Но, мажите некогаш дури се и поемоционални од жените. Не секој маж сака романтични гестови, но секој сака да се почувствува сакано и ценето, без разлика на полот.

10 романтични гестови со кои ќе му покажете колку го сакате

Навидум изгледа тешко да најдете романтичен гест за партнерот, но тоа е многу лесно. Некогаш и мажите ги сакаат истите работи како жените. Подолу се 10 идеи за да му го разубавите денот, а сепак да не го засрамите.

1. Пригответе романтична вечера

На сите ни е познато дека патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак. Ако сакате да се истакнете како добра домаќинка и добра девојка/жена, тогаш загрејте ја рерната и пригответе нешто прекрасно. Пуштете малку џез и сервирајте добро вино, нема ништо поромантично од тоа.

1-10-romanticni-gestovi-so-koi-ke-mu-pokazete-kolku-go-sakate-kafepauza.mk

2. Читајте му

Мажите ги сакаат оние мирни и нежни моменти исто колку и жените. Но, поради брзината на развивање на светот и секојдневните обврски со кои се справуваме, бројот на ваквите моменти е видно намален. Одвојте неколку саати, исклучете го телевизорот, нека ви легне во скутот и читајте му некоја убава љубовна поезија. Интимноста на овој гест ќе ве зближи уште повеќе, а и вашиот нежен и тивок глас ќе го смири после напорниот ден.

3. Прегрнете го во кревет

Вообичаената позиција на партнерите во креветот е мажот да ја прегрнува жената. Нормално, ова е така затоа што машките се природно и инстинктивно посилни и заштитници, а жените се оние на кои заштитата им е потребна. Направете му услуга и вечерва вие прегрнете го него. Притиснете ги вашите гради на неговиот грб и обвиткајте ги вашите раце околу него додека спие. Ќе заспие како бебе знаејќи дека вие сте тука и дека го сакате.

4. Оставете низа од розови ливчиња

Кој рече дека розите се само за девојките? Еден од најромантичните гестови што можете да го направите е да му оставите низа од розови ливчиња кои водат од влезната врата до спалната. Тој ќе биде пресреќен кога ќе се врати уморен од работа. Плус, од кога не сте воделе љубов? Уште поважно, од кога не сте воделе љубов сред бел ден?

5. Направете/купете подарок без никаква причина

Не постои ниеден човек кој не сака поклони, но повеќето од нив ги добиваат само на нивните родендени или прослави. Зошто не го изненадите со подарок без никаква причина? Убаво свиткајте го со украсна хартија и кога ќе ве праша зошто e сето тоа, само одговорете „затоа што те сакам“. Ако е вљубеник во стриповите, купете му нов стрип, ако е некаков колекционер, купете му го тоа парче што му недостасува. Сепак, вие најдобро го познавате и знаете што сака.

2-10-romanticni-gestovi-so-koi-ke-mu-pokazete-kolku-go-sakate-kafepauza.mk

6. Направете нешто што отсекогаш сакал да го проба

Во врските, често заглавуваме во рутини и во правење на исти нешта кои брзо стануваат здодевни. Дали ви текнува на нешто што ви спомнал дека сака да го направи? Можеби станува збор за параглајдерство, скијање на вода или пејнтбол. Без разлика што е, изненадете го со неговата омилена активност и покажете му дека го слушате и ги запазувате неговите желби.

7. Загрејте му ја колата

Ако во досегашниве предлози баш и не можете да го пронајдете вашиот партнер тогаш обидете се со нешто што ќе му помогне. Ова е многу корисно во зима, затоа што наместо тој да чека и да се нервира 10 минути да ја запали колата, вие тоа ќе го направите за него. Одвојте малку време и енергија и направете ја оваа слатка работа која многу ќе му значи.

8. Заврзете му го очите и изненадете го

Ако сакате посебен состанок на место кое тој не смее да го дознае, или пак цел пат да ви досадува и да ве прашува каде одите, едноставно врзете му ги очите и натерајте го да ви верува.

9. Носете ја неговата омилена облека

После долг период во врска, почнуваме да ги откриваме нашите вистински страни и престануваме да се трудиме да му се допаднеме на партнерот. Носиме тренерки и дуксери, косата ја фаќаме во опавче и ретко се шминкаме. Излезете од комфорната зона и облечете нешто во кое знаете дека тој би сакал да ве види, па макар и за низ дома.

3-10-romanticni-gestovi-so-koi-ke-mu-pokazete-kolku-go-sakate-kafepauza.mk

10. Испрскајте шамиче/марама со вашиот мирис

Ако сакате да го потсетите на вас и вашите прекрасни мигови заедно, тогаш испрскајте ја вашата омилена марама или шамиче со вашиот парфем и оставете го во неговата кола или на некое друго место каде што веднаш ќе ги почувствува мирисните ноти на вашето тело. Кога ќе го мирисне вашиот парфем ќе се сети на вашата кожа и на сите прекрасни мигови кои сте ги поминале заедно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар