Астрологијата открива каков е првиот впечаток што им го оставате на мажите

Каков е првиот впечаток кој вашиот знак го остава кај мажите? А што може да биде најлошото кое следува потоа?

Астрологијата открива каков е прв впечаток што го оставате на мажите

Овен

Жените Овни оставаат впечаток на машкуданки. Тие немаат многу особини кои ги бараат мажите. Не се нежни, нападни се и себични. Не го користат премногу мозокот, не се ниту емоционално интелигентни и не се препуштаат на партнерот. Обично завршуваат со некој идиот затоа што прават ужасни избори на партнери. На крај секогаш се чудат зошто се оставени и изневерени. Им треба доста време додека да сфатат што се случува, ако воопшто дојде до тоа. Не се знае со што ги бираат партнерите, но тоа сигурно не е разумот. За нив веројатно важи онаа „со кој си, таков си“.

Бик

Биковите на знаат да препознаат кога на соговорникот му е здодевно. Тие се опседнати со своите проблеми и за нив можат да зборуваат и пред некој кого го гледаат прв пат во животот. Тоа може да не му се допадне на соговорникот и тој да се запраша со каква жена си има работа. Но, тоа не ги спречува да продолжат со таквото однесување. Тие знаат да одат со главата во ѕид со широко затворени очи. Слепилото и силата се квалитетите со кои ги надоместуваат сите неквалитети. Мажите треба да знаат дека тоа што го гледаат кај жените Бикови, тоа и ќе го добијат.

Близнаци

Општо познато е дека Близнаците лажат. Знаат многу да лажат и така да остават солиден прв впечаток. Судејќи по нејзините романтични зборови ќе помислите дека романсата на Ромео и Јулија не е ништо за вас, но ако судите според делата ќе заклучите дека сте многу ниско на нејзината листа на приоритети. Секогаш ќе ѝ испадне нешто за да може да биде со некој друг. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Таа остава впечаток на личност која не може да биде во квалитетна врска, туку бара квантитет и забава, и на која зборовите ѝ се единственото средство со кое може да го купи мажот.

Рак

Со неа владее лудата Месечина, па ни таа самата не е далеку од лудилото. Разговорот со неа може да личи на пресметка со личност која го менува расположението од една до друга крајност. Во еден момент го напаѓа соговорникот, а во другиот е пак старата слатка и грижлива девојка. И притоа се прави како да не памети што рекла пред малку. Мажите честопати на неа гледаат како на темпирана бомба која доколку ја држат во прегратки може да им експлодира по еднаш на неколку дена.

Лав

Лавиците сметаат дека се нешто повеќе од другите и дека сите треба да ги обожаваат. Но, вистината е дека најчесто освен самите себе никој друг не ги обожава до степенот до кој тие мислат дека заслужуваат. Во првиот разговор со нив тие ќе почнат да се величаат себеси и соговорникот ќе помисли дека си има работа со личност на која ќе треба во иднина постојано да ѝ се умилкува. Оставаат впечаток на вообразени и напорни жени кои мислат дека светот се врти околу нив.

Девица

Таа глуми толку добро што никој никогаш нема ниту да помисли дека еден ден може да му забие нож во грб на својот партнер. Може да ги освои мажите уште од старт користејќи го разумот, а не емоциите, за по некое време неочекувано да го откачи сметајќи дека тоа е најдобрата опција за неа. Таа си верува само себеси, а знае како да ги натера и мажите да ѝ веруваат дека им верува и ним. Кога ќе ги предаде тие остануваат во чудење како можел така да ги прелаже првиот впечаток кој го имале за неа.

Вага

Кога ќе ја запознаат Вагата мажите се заведени од нејзиниот заносен начин на флертување. Таа знае како со зборовите. Но, по некое време ќе ја открие својата вистинска природа. Мажите ќе сфатат дека се во врска со неодлучна личност која не може да направи што било поради својата неодлучност. Делата не се нејзина најсилна страна, туку се зборовите. Впрочем, на таков начин и ги освојува мажите. Таа сака да стигне до маж кој ќе може да одлучува за неа, а потоа таа да го манипулира.

Скорпија

Скорпиите се емоционално незрели личности, себични се и одмаздољубиви. Под површината тие се детето кое сака да се одмазди затоа што му била одземена играчката. Со текот на годините учат како да ги сокријат овие особини, но и понатаму може нешто да им се лизне од јазик при првиот контакт со некој маж кој штотуку го запознале. Доколку тој сепак биде импресиониран од Скорпијата, треба да знае дека таа кога-тогаш ќе ја покаже својата одмаздољубива природа.

Стрелец

Уште при првиот контакт таа ќе покаже колку наивно гледа на светот и дека иднината може да ѝ донесе проблеми поради тоа. Не остава впечаток на остроумна личност, но барем е полна со оптимизам. Но, тоа е сè што може да се очекува од неа и понатаму. Таа ќе остане наивен оптимист кој постојано се смее додека прави грешки во животот, а тоа е нешто кое може да го полуди партнерот.

Јарец

За Јарецот се знае дека е упорен, амбициозен и сака да доминира. Тоа се особини кој можат да воодушеват при првиот контакт. Но, понатаму таа може да се покаже како премногу затворена за љубов. Нејзе не ѝ е секогаш лесно да дава и прима емоции. Меѓу нив сепак има и такви коишто знаат како да сакаат со цело срце, да заплачат пред партнерот и да бидат верни до последниот ден. Мажите ќе знаат да ги препознаат таквите и ќе ги чуваат покрај себе, не поради првиот впечаток, туку поради она што подоцна ќе го откријат.

Водолија

Нејзината оригиналност привлекува луѓе околу неа, барем додека не почне да покажува знаци дека себеси се смета за посебна и несфатена. Доколку и соговорникот биде ист таков во нејзините очи, тогаш тој има добри шанси кај неа. Проблемот е во тоа што таа понатаму продолжува да мери што е добро, а што не, и секој потег на партнерот го става на вага за да ја измери неговата вредност. Прашање е колку луѓе можат да го издржат тоа.

Риби

Од соговорникот ќе зависи каков ќе биде неговиот прв впечаток за жената во знак Риби. Доколку преферира мистични личности кои со занес гледаат на животот, тој брзо и лесно ќе биде освоен. Но, ако е некој кој притоа ќе обрне повеќе внимание на честопати глупавиот начин на кој тие се жртвуваат, тогаш ситуацијата ќе биде обратна. Во вториот случај ќе биде најдобро веднаш да бега од неа, затоа што таа не може а да не продолжи со таквото однесување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Овца Reply

    што толку ти згрешиле овниве..

  2. yasmin Reply

    XAXAXAXXAXAXXAXAXAXXAX i jas toa se prasuvam hahahhahahhaha lelel

  3. aries99 Reply

    definitivno najglupata astroloska statija sho ja iam procitano!

    • Capri Reply

      Те погоди вистината за овенот?

      • aries99 Reply

        ne se pravi pameten/na, ti nesi nisho pozhenstven/a, i ne se zakacaj 🙂

        • Capri Reply

          Ок чим така викаш. Не сум женствен. 🙂

Остави коментар