10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен ден

10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен ден

На сите ни е позната изреката: „По утрото, денот се познава.“ Таа можеби звучи како клише, но е сепак вистинита. Како ќе го започнете утрото, таков ќе ви биде и денот, па затоа следете ги овие совети за да имате одличен ден од самиот почеток. Ќе ви бидат потребни само 10 минути, но верувајте ни ќе ви се исплати.

10 работи кои треба да ги правите наутро за да имате одличен ден

1. Не го одбегнувајте алармот

Ако на почетокот на денот доцните, ќе имате стресен ден. Затоа, кога ќе заѕвони алармот, пробајте веднаш да станете.

2. Запишете ги мислите

Дали сте имале некоја добра идеја или сон додека сте спиеле? Опуштениот, поспан мозок е отворен за нови идеи кои можеби нема да ви дојдат додека сте зафатени со секојдневните активности. Затоа, искористете го времето наутро и запишете ги идеите на кои сте се сетиле.

3. Заборавете на вчера, посветете се на денес

И понатаму ставате фокус на работи кои се случиле вчера? Не мислете на нив бидејќи не можете да ги смените.

4. Замислете нешто на што сте благодарни и поради што сте возбудени

Ова е одличен трик за да го залажете својот мозок и да бидете среќни. Секогаш можете да се радувате.

5. Оставете го телефонот

Направете си услуга и почекајте најмалку 10 минути пред да го зграпчите телефонот.

6. Испијте чаша вода

Хидратацијата е исклучително важна и затоа прво започнете го денот со голема чаша вода.

7. Имајте природно светло во собата

Штом ќе се разбудите, тргнете ги завесите. Ако чувствувате само малку сончеви зраци, мозокот ќе се разбуди и ќе сфати дека е време за функционирање. За време на зимските денови, будете се во мракот. Одете на утринска прошетка и разбудете го мозокот.

8. Истегнување

Утринското вежбање е добро за здравјето. Но, ако не сте расположени за вежбање, пробајте полека да се истегнете за да ви проциркулира крвта.

9. Средете го креветот

Верувале или не, средувањето на креветот ќе ви го разубави денот.

10. Направете нешто што не сакате (и пречкртајте го од листата)

Често одолговлекуваме работи кои не сакаме да ги направиме. Затоа таквите работи тргнете ги од умот веднаш, уште на почетокот на денот.

Прочитајте и кога најуспешните луѓе одат на спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар