Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Квалитетниот сон, освен што е важен за здравјето и правилното функционирање во текот на денот, исто така влијае и на успехот. Еден од најважните чекори е да создадеме квалитетна рутина на спиењето, за да можеме да бидеме свежи и продуктивни. Тоа особено влијае на патот до успехот, а еве како тоа го применуваат неколку од најпознатите успешни луѓе во светот:

1. Ана Винтур

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Уредничката на американското издание на „Вог“ секое утро станува во 5 часот за да тренира тенис и да може да ја среди фризурата пред да отиде на работа. Навечер, таа секогаш си легнува во 22 часот, за да може да биде доволно наспана и веќе следниот ден да влезе во улогата на најмоќна жена во модната индустрија.

2. Опра Винфри

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Таа е една од најуспешните луѓе кои успеваат да функционираат со малку сон. Ноќе, заспива околу 2 часот по полноќ, но успева природно да се разбуди помеѓу 7.15 и 7.23 часот.

3. Ким Кардашијан

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Познатата старлета и ријалити-ѕвезда верува дека квалитетниот сон е важен за да ја задржи својата популарност, па затоа навечер си легнува меѓу 22 и 23 часот, а секое утро е будна веќе во 6 часот.

4. Илон Маск

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Тој е поборник на верувањето дека 6 часа се доволни за спиење. Секоја ноќ, тој легнува околу 1 часот по полноќ, а се буди наутро во 7 часот.

5. Бил Гејтс

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Вториот најбогат човек во светот секоја ноќ спие по 7 часа, затоа што смета дека на тој начин може да биде максимално креативен следниот ден. Најчесто си легнува точно на полноќ.

6. Џесика Алба

Кога најуспешните луѓе одат на спиење?

Актерката и успешна претприемачка во областа на здравата исхрана, смета дека на секого му се потребни 8 часа квалитетен сон. Сепак, нејзиното време за спиење варира според дневните обврски, а три пати неделно станува наутро во 5.15 часот за да има време за редовниот тренинг.

Прочитајте повеќе за овие природни решенија за проблемите со спиењето.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар