Одлучете што навистина сакате од животот според советите од еден шаман

Секое човечко суштество често чувствува дека нешто му недостига во животот, но не може да дојде до одговорот што точно е тоа. Може да имаме доволно пари за да купиме сè што сакаме или пак да отидеме на патување за кое одамна сонуваме, но иако мислиме дека токму тоа ни фали, повторно постои онаа мала нејасна празнина која никако не се пополнува. Проблемот, најчесто, лежи во очекувањата што општеството ги има (или сметаме дека ги има) за нас.

Како да одлучите што навистина сакате од животот, според совети од шаман

Колку и да мислиме дека дека се знаеме себеси, шаманот Дурек смета дека единствениот начин да се запознаеме целосно е да дозволиме срцето да биде она кое нѐ води низ животот. На тој начин би престанале да правиме нешта што другите ги сакаат, а очекуваат и ние да им се придружиме. Всушност, сосема е во ред да не отидете на концертот што не ви се допаѓа само затоа што целото друштво е таму, ниту пак треба да очекувате да ви се допадне храната во ресторанот кој важи за место со врвна гастрономија. Кога би излегле од рамките кои ги поставува општеството, тогаш ќе постигнете социјална независност.

Шаманот Дурак им помага на луѓето да ја разбудат својата внатрешна индивидуална моќ и ги потсетува дека не мора да го прават она што не сакаат. Вие можете исто така да го примените овој совет. Сетете се, во светот не постојат две исти дрвја или две исти животни, па така и луѓето треба да излезат од „калапот“ кој општествените правила го креираат.

Како да одлучите што навистина сакате од животот, според совети од шаман

Разбудете ја вашата внатрешна енергија, на која ѝ е доста од играње туѓи игри. Вие не сте она што сте го научиле, вие сте она што вашето срце и душа кажуваат дека сте. Она што го поседувате и она што сте го постигнале се делови од вас, но не ве дефинираат како личност. Пронајдете ја вистината во себе, за конечно да дознаете кои сте вие. Дозволете му на срцето да ви ги покаже вашите моќи, пронајдете ја спиритуалната независност и владејте со себе, онака како што е правилно за вас.

Обидете се да го направите тоа на следниот начин:

1. Следете каде ја трошите енергијата. Што прави да се чувствувате добро? Кои негативни сили ве обесхрабруваат? Идентификувајте ги и елиминирајте ги. Велете си во себе: „Ги бришам сите податоци поврзани со овој лош настан и си дозволувам да функционирам автентично и со љубов.“

2. Пред да купите нешто, запрашајте се: „Дали ако го имам ова ќе станам помоќна личност која ја следи својата вистина?“

3. Водете дневник за тоа што ви одзема најмногу енергија и ви ја руши менталната концентрација во текот на денот. На што вашиот ум останува концентриран најдолго? Дали вашите мисли се обземени од љубов, желба за пари, мисла за здравје или целење кон успех? Овие одговори ќе ве насочат кон тоа што навистина сакате од животот.

Дознајте ја и тајната на среќата според јапонската филозофија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар