10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

Луѓето се производ од нивните услови и искуства. Но друго нешто што ги дефинира човечките битија се нивните емоционални и психолошки составни делови. Кога на ова ќе се додаде модерната технологија, комплексноста на културата, игрите за состанување и општествените норми, ќе сфатите дека многу нешта влијаат на приврзувањето и посветеноста во врската.

10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

Мажите и жените различно реагираат на стимулите во врската. Истражувањата покажале дека мажите се посклони кон емоционална неповрзаност во врските за разлика од жените. Ако забележите дека вашиот сопруг или момче избегнува да се приврзе за вас или има проблеми со посветувањето на врската, постојат 10 можни причини за тоа.

1. Тој е играч

Една од најочигледните причини за ова е тоа што тој не е сериозен за вашата врска. Мажите сакаат предизвици, па многумина од нив ги третираат жените во нивните животи како забава или предмет за полнење на нивното его. Ако партнерот постојано ви дава измешани сигнали, често исчезнува, а потоа се појавува со безначајни подароци, големи се шансите да е играч.

2. Претерано работи

Некои мажи јадат, спијат и работат. За нив кариерата е поважна од сè друго во животот. Немаат време, ниту трпение за врските во нивниот живот. За нив работењето е најсветото нешто. Овие мажи воопшто не се интересираат за врски.

3. Тој е перфекционист

Совршеноста може да биде добра, но некои мажи ја бараат премногу. Без разлика колку сте добри, ако вашиот партнер спаѓа во оваа група, тој секогаш ќе наоѓа нешто лошо кај вас. Ќе се обидува да ве промени бидејќи не ги исполнувате неговите критериуми за совршенство. На крајот од денот нема да сака да се поврзе со вас бидејќи смета дека не сте доволно добри за него.

4. Премногу е зависен или независен

Преголемата зависност или независност не е добра. Можеби сте сретнале мажи кои постојано бараат одобрување од другите, или го земаат предвид мислењето на нивните мајки за тоа со која девојка да се гледаат. Од друга страна постојат и многу независни мажи кои не можат ни да си замислат да бидат ранливи пред некој друг, дури и ако другиот е нивната партнерка или сопруга. И двата вида имаат проблеми со посветување на врската. Тие избегнуваат да се приврзат емоционално.

5. Лоши минати врски

Друга очигледна причина за избегнувањето на приврзувањето од страна на мажот е некое токсично искуство од врска во минатото. Можеби претходната партнерка или сопруга навистина го повредила, па тој се сомнева во намерите на секоја жена на светот.

6. Проблематично детство

Човекот е производ на минатите искуства, а овде спаѓаат и искуствата од детството. Нашето детство ни ја оформува иднината. Ако вашиот партнер имал лошо детство, немал родители што го сакале, имал родители што се расправале или бил малтретиран, голема е веројатноста да има проблеми со емоционалното поврзување. Поради сите наведени причини него му е навистина тешко да ги искаже своите мисли и чувства, па до некој степен е емоционално недостапен.

7. Финансиска нестабилност

Повеќето мажи се условени да веруваат дека тие се подобри кога станува збор за финансиите во домот. Без разлика колку се „модерни“, длабоко во себе веруваат дека тие треба да имаат поголема плата. Ако вашиот партнер се соочува со финансиски проблеми, голема е веројатноста ова да влијае на неговите мир и самодоверба, како и на вашата врска. Тој ќе се чувствува како да не може да ви го овозможи она што го сакате, па нема да се поврзе со вас.

8. Семејни проблеми

Можно е да постои проблем во неговото семејство што му предизвикува стрес. Или, можно е да дава преголемо значење на мислењето на членовите на неговото семејство за неговите врски.

9. Несигурности

Можеби вие го имате совршеното работно место со одлична плата. Можеби изгледате како вистински супер модел. Во тој случај, голема е веројатноста партнерот да се чувствува несигурно. Тој смета дека можете да бидете со кој било што е побогат и што изгледа подобро од него. Неговата несигурност ќе има големо влијание на врската.

10. Разни животни цели

Животните цели се навистина важни. Ако вашите и целите на партнерот значително се разликуваат, тој може да мисли дека вие ќе го спречувате во нивното остварување. Исто така можно е да не ги цени или разбира вашите животни избори. И ова ќе го спречи да се приврзе емоционално со вас.

Мажите можат да бидат малку погруби, но и нив им се потребни љубов и внимание. Секогаш имајте на ум дека ако вашиот партнер е емоционално недостапен, или има некој проблем, или не е заинтересиран за вас. Секогаш бидете свесни за вашата вредност и отстапете од врската ако тој не ви дава знак дека некогаш ќе се приврзе за вас.

Знаете ли зошто чувствителниот маж е најдобриот партнер што можете да го имате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар