10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Иако постојат мажи што со радост би го пречекале бебето и би ѝ помогнале на партнерката за време на породувањето, има и такви што не сакаат да бидат присутни за време на породувањето. Ова покренува многу прашања во врска со предностите и недостатоците на присуството на таткото за време на породување. Затоа е важно да научите повеќе за работите што може да се случат и во двата случаи.

Недостаток 1: Болката може да биде поинтензивна

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Окситоцинот, познат како хормон на љубовта, е потребен за полесно и за помалку болно породување. Затоа е подобро мажите кои не се подготвени, кои се помалку информирани или се плашат од целиот процес, да не го гледаат пораѓајот. Нивната вознемиреност може да ја зголемите тензијата, а може да доведе и до ситуација во која нивото на адреналин на мајката се зголемува и се намалува нивото на хормонот на љубовта.

Недостаток 2: Може да доживее депресија

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Има мажи кои почнуваат да се чувствуваат немоќни и безнадежни откако ќе бидат очевидци на породувањето. Ова се случува затоа што тие не можат да сторат многу за да помогнат, персоналот ги избегнува и тие се исплашат за животот на жената. Овие чувства обично не се изразени и се впиваат длабоко во нивната потсвест. Симптомите на депресија може да вклучуваат зголемување / губење на тежината, главоболки, замор, па дури и изолација од пријателите и од семејството.

Недостаток 3: Може да го комплицира вашиот љубовен живот

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Повеќето мажи се во ред откако ќе го гледаат раѓањето на своето дете, но има некои кои не се подготвени за тоа, па затоа може да страда нивниот љубовен живот. Присуството на породувањето може да ги минимизира чувствата што парот ги има еден кон друг, претворајќи го нивниот однос во само добри пријатели.

Недостаток 4: Раѓањето може да трае подолго

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Кога мајката ќе го држи бебето за првпат, таа се фокусира само на него и тоа ќе ѝ го одвлече вниманието од сè што се случува околу неа. Ова ќе ѝ помогне да ја исфрли плацентата бидејќи хормонот на љубовта е неопходен дури и по раѓањето на бебето. Но, ако таткото е присутен, тој може да биде причината за зголемување на нивото на адреналин и намалување на нивото на потребните хормони.

Недостаток 5: Некои работи што ги прават мажите ги вознемируваат жените

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Дури и ако мажот одлучи да биде присутен на породувањето, тоа може да се претвори во навистина лоша идеја, особено ако породувањето трае повеќе од 12 часа. Некои мажи почнуваат да јадат во собата, да гледаат видеа на својот телефон, па дури и може да излезат за време на породувањето.

Предност 1: Тој ќе биде присутен во текот на првите минути од животот на бебето

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Дури и ако некои мажи се плашат или се двоумат дали да бидат присутни за време на големиот момент, непредвидливото пораѓање нема да им даде шанса да изберат. Гледањето на саканата личност во болка се претвора во незаборавен момент во кој имаат можност да ги видат првите минути на бебето на овој свет.

Предност 2: Може да помогне при доењето од самиот почеток

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Сигурно не сакате да го прекинувате бебето додека цица, па таткото може да ви помогне и да ви донесе пијалок, да ви подаде перница или дури и да ве измасира.

Предност 3: Може да ви даде емоционална и физичка поддршка

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Идните татковци треба да бидат покрај своите жени за време на породувањето затоа што можат да им помогнат да се чувствуваат опуштено и да ги насмеат. Новата мајка ќе биде лишена од сон и исцрпена, но кога нејзиниот маж е таму, таа ќе може да се опушти знаејќи дека бебето е во сигурни раце.

Предност 4: Таткото по раѓањето ќе биде повеќе поврзан со детето

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Во последно време, татковците сè повеќе се вклучуваат во животот на своето дете. Присуството за време на тестот за бременост, прегледите и породувањето може да имаат големо влијание врз таткото, но и врз емоционалниот и когнитивниот развој на детето.

Предност 5: Тој ќе може да донесе брзи одлуки

10 предности и недостатоци од присуството на таткото за време на раѓањето на своето дете

Понекогаш породувањето може да тргне во погрешна насока, дури и ако бременоста се одвивала непречено и без никакви компликации. Во тој случај, можеби ќе треба да донесете непланирана одлука, а таткото на детето ќе биде таму за да ви помогне. Има и случаи кога присуството на сопругот може го спаси животот на жената и на детето.

Прочитајте ги овие 25 луди факти за бременоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар