5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијата

5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијата

Пандемијата на коронавирусот го парализира светот, а борбата со заедничкиот непријател продолжува. Здравствената криза влијае и врз психата на луѓето, а сите знаеме колку е важно менталното здравје. Но, во овој турбулентен период треба да сфатите кои се придобивките од самоизолазијата, а тие ќе ви помогнат во иднина полесно да се снајдете во тешките животни ситуации.

5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијата

1. Психолошка отпорност

Ако некој минатата година ви кажеше што ве чека во 2020 година, сигурно немаше да верувате во тоа. Но сега, кога веројатно сте ја отпишале оваа година, можете да кажете дека животот во неизвесност и страв ве научи дека всушност можете да преживеете сè и да станете посилни.

Со помош на лошите животни искуства, ги зајакнувате психата и отпорноста на телото и стекнувате нови механизми за справување со тешки ситуации.

Овој период треба да ви биде потсетник дека имате доволно сила да постигнете чувство на контрола врз стресните ситуации во иднина.

2. Важноста на менталното здравје

За време на пандемијата, многу луѓе беа вознемирени или депресивни. Но, оваа тешка состојба нè научи дека понекогаш не можеме сами да се справиме со стресот и со депресијата, туку треба да се побараме експерт кој ќе нè врати во нормала. Научивме дека е важно да зборуваме за нашите грижи и проблеми, да разговараме со семејството и со пријателите затоа што разговорот е навистина важен за менталното здравје.

За да ги избегнете психичките последици што може да следуваат по пандемија, веднаш започнете да работите на себе и бидете си поддршка едни на други.

3. Чувство на заедништво

Во последниве неколку месеци најмногу се зборува за поддршката и за чувството на заедница. Поради пропишаните мерки за физичко растојание, луѓето ја зголемуваат блискоста.

Во психологијата, овој феномен се нарекува кохезија на групата пред надворешниот непријател. Кога се соочуваме со закана што доаѓа однадвор, чувството на заедништво и припадност кон групата расте затоа што ги вложуваме сите сили во постигнувањето на една заедничка цел: спречување на ширењето на вирусот.

4. Лична одговорност

Не би го постигнале сето ова ако не преземевме лична одговорност за да се заштитиме себеси и другите. Пандемијата може да биде потсетник дека одговорното однесување на поединците е многу важно. Треба да ја задржиме свеста и да ја применуваме во иднина и во други ситуации што ни ги носи животот, со цел да ги промениме работите на подобро.

5. Грижа за себе

Во овој неизвесен период научивме многу работи за себе, што претходно не сме ги забележувале. Посветивме повеќе време на нашите мисли, емоции и животни вредности. Научивме што е важно, развивме стратегии за справување и се адаптиравме на новонастанатата ситуација.

Прочитајте како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар