10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Гневот е природна и понекогаш корисна емоција којашто ја покажува нашата внатрешна состојба. Гневот ни помага инстинктивно да ги идентификуваме и да реагираме на опасните ситуации. Гневот исто така може да нè поттикне да направиме големи нешта. Но многу често неконтролираниот гнев може да предизвика стрес и проблеми со вашите блиски. Па погледнете како да се справите со него.

1. Запишете ја причината за гневот и уништете го листот

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Детално запишете зошто сте гневни и фрустрирани. Ова може многу брзо да ве ослободи од напнатоста во телото. Обрнете внимание на секое нешто што ве изнервирало и опишете го што е можно подетално. Потоа можете да ја фрлите листата или да ја уништите.

2. Најдете љубов и внимание

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Понекогаш дури и пријателската прегратка е доволна за да ви помогне да се справите со гневот. Таа ќе направи да се чувствувате посреќни без разлика на вашата ситуација.

3. Џвакајте гума за џвакање

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Докажано е дека џвакањето гума за џвакање може да ви помогне да се справите со гневот. Причината е што кога активно ја мрдате вилицата, се намалува напнатоста во телото и лицето.

4. Одете на прошетка или џогирање

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Физичката активност е навистина потребна. Трчајте, шетајте 20 минути или направете некој склек. Секоја од овие активности му помага на мозокот да произведе ендорфини, односно хормони на среќата.

5. Запејте ја омилената песна

10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

Пеењето е одличен начин да ги намалите стресот и гневот. Кога се чувствувате лошо пуштете си ја омилената песна и пејте ја на цел глас. Ова ќе ја намали напнатоста во мускулите и значително ќе ви го подобри расположението.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар