Како да почнете одново и да го изградите вашиот живот од нула?

Како да почнете одново и да го изградите вашиот живот од нула?

Кога животот ќе ве присили да почнете од нула, наместо да паничите и да ја гледате ситуацијата како казна, гледајте го целото искуство како нова шанса. Секој ден ви е подарок од вашиот живот. Секој ден е нов почеток и нова шанса да создадете нешто ново и нешто подобро. Да понудите повеќе на светот и да откриете повеќе за себе и за оние што ги сакате. Секој ден е нов живот, па искористете го максимално. Погледнете како да го изградите вашиот живот од нула.

Како да почнете одново и да го изградите вашиот живот од нула?

1. Бидете трпеливи

Почнувањето од почеток не е воопшто лесно. Потребно е многу сила, храброст, отпорност, верба и самодоверба. А бидејќи за сите нешта е потребно време, важно е да научите да бидете трпеливи и нежни кон себе. Потребно е да се третирате со љубов, сочувство и разбирање.

2. Вие не сте завршен продукт

Имајте го на ум фактот дека вие не сте завршен продукт и дека животот е постојан процес на настанување. Го минувате животот за да се пронајдете себеси. Преку секое нешто што го правите и секој збор што го кажувате, потребно е да откриете повеќе за вас, за вашето внатрешно патување, за вашиот животен пат и за вашата цел во животот.

3. Прифатете ја промената

Животот е постојана промена, постојано еволуира и се обновува. Поради ова важно е постојано да ја прифаќате промената и да се обновувате за да му дозволите на животот да минува низ вас.

4. Прифатете го она што е

Без разлика колку тешко ви изгледа, прифатете ја ситуацијата во која сте како самите да сте ја одбрале. Прифатете ја вашата сегашна реалност. Помирете се со сегашноста и ќе чувствувате мир.

5. Внесете се во сегашниот миг

Дишете длабоко во текот на денот. Обрнете внимание на дишењето и со секој здив внесувајте се подлабоко во сегашниот момент.

6. Разговарајте со изворот на сè

Започнете искрен и ранлив разговор со изворот на сè. Замолете го Бог, Алах, универзумот или она во коешто верувате да ве води и да ви помогне. На крајот на секој разговор искрено заблагодарете се.

7. Не грижете се за ништо, туку бидете благодарни за сè

Исполнете го срцето со љубов, благодарност и ценење. Постојано покажувајте ја вашата благодарност кон сите нешта што ви ги дал животот досега и што ќе продолжи да ви ги дава.

8. Почнете на крајот

Запрашајте се каков живот сакате да создадете за себе. Потоа со моќта на вашата имагинација патувајте низ времето и погледнете како ќе изгледа крајниот резултат и навистина почувствувајте го тоа. Започнете на крајот и градете го животот со таа убава слика во вашиот ум.

9. Ослободете се од исходот

Бидејќи животот не се грижи за она што го сакаме и што го очекуваме, туку за она што ни е потребно, најдобро е да се ослободите од исходот. Наместо да се држите за менталните слики, идеи, верувања и очекувања за тоа како треба да се одвива патувањето, опуштете се. Некои работи се надвор од ваша контрола.

10. Ослободете се

Ослободете се од многу ограничени верувања, изговори, идеи и очекувања. Научете да бидете флексибилни и да се движите со текот.

11. Верувајте во животот

Дајте му ја целата доверба на животот. Ставете ја вашата судбина во негови раце и дозволете му да ве води. Нека ве однесе не каде што сакате да одите, туку каде што треба да одите. Верувајте ѝ на мудроста на животот бидејќи таа знае повеќе.

12. Замолете ја душата да ви го покаже патот

Секој ден замолувајте ја вашата душа да ви го покаже патот, да ве води, да ве зајакне. Замолете ја да ви ја открие нејзината мудрост за да живеете живот полн со вистина, љубов и автентичност.

13. Одете по патот на душата, не на егото

Ветете си дека ќе го поминете животот одејќи го патот на душата. Создавајте и нудете вредности, и тоа не само за пари и за успех. Внесете ја вашата љубов во сите работи што ги правите – вашето присуство, вашите зборови, вашите постапки. Дозволете им на парите и на успехот да бидат резултат на тоа што сте искрени кон себе. Немојте слепо да ги бркате нив.

14. Помирете се со идејата дека животот е патување, а не дестинација

Научете да уживате во сите моменти што ви ги испраќа животот. Бидете благодарни за секој ден. Прифатете го секој момент бидејќи тој е бесценет подарок. Престанете да чекате да започне „вистинскиот“ живот и живејте сега.

15. Верувајте ѝ на внатрешната мудрост

Немојте да живеете некој туѓ живот. Немојте да дозволите туѓите мислења да го згушат вашиот внатрешен глас. Слушајте ја вашата мудрост и следете ја вашата интуиција.

16. Храбро зачекорете напред

Отстранете ги сите стравови, изговори и ограничувања и храбро зачекорете напред. Живејте како секој ден да ви е последен. Извлечете го најдоброто од секој момент, од секое искуство и од секоја интеракција. Преземајте ризици и правете грешки. Не плашете се од неуспех. Живејте живот без жалење.

17. Не заборавајте да се чувствувате добро

Причината што правиме одредени нешта е тоа што се чувствуваме добро. Па, без разлика што правите и каде се наоѓате, обидете се да бидете смирени и среќни.

18. Заблагодарете се на себеси

Бидете благодарни што сте доволно храбри да почнете одново. Заблагодарете си се за целата сила, мудрост и самодоверба. Заблагодарете си се за сите обиди и нештата што ги правите секој ден.

Прочитајте ги и овие моќни реченици што ќе ви го променат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар