10 нешта кои мажите ги прават во кревет, а жените не ги поднесуваат

10 нешта кои мажите ги прават во кревет, а жените не ги поднесуваат

Во сексот, како и во сè останато, важна е комуникацијата. Ниту еден од партнерите не смее да се срами да каже што му пречи, иако некогаш тоа може да доведе до караница или повреда на егото на другиот. Најдобро за врската и воопшто за целокупниот однос меѓу двајцата е да бидат отворени, бидејќи само на тој начин може да се надминат сите проблеми. Неколку девојки откриваат што е тоа што нивните партнери го прават, а нив не им се допаѓа.

10 нешта кои мажите ги прават во кревет, а жените не ги поднесуваат

1. Сака да испробува пози од порно филмови

„Често се случува да побара од мене да испробаме некоја нова поза, што најверојатно ја има видено на некои од веб-сајтовите за порно. На крај, јас сум таа која е наместена во чудна положба и изгледа ужасно, додека пак тој е убеден дека тоа ми се допаѓа.“

2. Тој се загледува во мене

„Кога јас сум горе, тој некако чудно се загледува во мене и јас не сум сигурна каков треба да ми е изразот на лицето. Тогаш, само ги затворам очите и се надевам на најдоброто.“

3. Сака да му го ставам кондомот

„Партнерот неколку пати побара од мене јас да му го наместам кондомот. Едноставно, нема шанси!“

10 нешта кои мажите ги прават во кревет, а жените не ги поднесуваат

4. Удира по задникот

„Зарем некој уште верува дека е секси да ја удриш партнерката по задникот? И тоа толку силно, за таа да посака да се сврти и да го нокаутира!“

5. Лош момент за орално задоволство

„Мразам кога дечкото сака орално да ме задоволува, кога не сме ниту истуширани, ниту со измиени заби. Едноставно, одвратно ми е.“

6. Кога не знае како да ги употреби прстите

„Нема полошо од тоа да се обиде да стави прсти во сите дупки, како да свири на некој инструмент, а единствено нешто што го чувствувам во тој момент е само збунетост.“

10 нешта кои мажите ги прават во кревет, а жените не ги поднесуваат

7. Не знае ништо за анален секс

„Се обиде да има анален секс со мене, без прашање и без подмачкување. Па, не може само така да влезе таму…“

8. Агресивна предигра

„Некои момци се толку агресивни што имаш чувство дека си добила внатрешно крвавење. Па и уште силно гризење на брадавици или тегнење за коса, до тој степен што се појавува насолзување на очите. Не, не и не!“

9. Гаќичките не се соблекуваат со заби

„Некои момци мислат дека можат да соблечат гаќички само со заби. Престанете, не сум сретнала некој на кој тоа му успеало!“

10. Недоволна хигиена

„Понекогаш забораваат да се измијат или пак можеби мислат дека тој вкус е уште попривлечен за време на оралниот секс.“

Потсетете се и на најлошите искуства кои момците ги имале на состанок со девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар