10 непријатни мисли и цели кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

Можеби веќе некое време работите на себе, но не чувствувате како да се движите на вистинскиот пат. Имате мисли и поставувате цели кои ви изгледаат навистина непријатно. Но понекогаш, токму овие мисли и цели се знак дека се движите во вистинската насока. Погледнете за кои станува збор.

10 непријатни мисли и цели кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат

1. Очајно барање на совршеното работно место

Во овој случај се обидувате да ја пронајдете и вашата вистинска страст. Сакате да дознаете што навистина сакате да правите во животот. Имате стандарди за вашето совршено работно место и напорно работите за да го добиете. Сфаќате дека обичната работа не е доволно, бидејќи вам ви е потребен предизвик и возбуда. За вас работата не е само начин да се заработат пари, туку и нешто што ќе направи да се чувствувате живо и од коешто нема да ви треба одмор.

2. Грижа за финансиската состојба

Јасно ви е дека не можете засекогаш да се потпирате на родителите за финансиска поддршка. Па, напорно се обидувате да заработите и да не бидете ничиј товар. Почнувате да внимавате на трошоците и правите листа со приоритети. Го прифаќате фактот дека не мора да излегувате секој викенд доколку сакате да заштедите.

3. Сомнеж кон другите луѓе

Бидејќи знаете дека не можете да верувате секому, почнувате да станувате сомнителни. Сега точно знаете кој има искрено срце. Доволно сте храбри да се оддалечите од токсичните луѓе во вашиот живот и не ви е тешко да ги одберете луѓето со коишто сакате да се дружите. Веќе не ги прифаќате туѓите лаги и секогаш го кажувате она што го мислите.

4. Скршено срце

Сега сфаќате дека љубовта секогаш ќе доаѓа со чувство на ранливост. На почетокот сите кршења на срцето ќе направат да ви биде страв од љубовта. Но, со текот на времето ќе почнете да им дозволувате на нештата да се случуваат. Ќе ги намалите очекувањата од другите и ќе сфатите дека скршеното срце секогаш заздравува.

5. Мисли за вашата духовност и за универзумот

Почнувате да се прашувате која е вашата животна цел и како навистина функционира универзумот. Знаете дека го добивате она што го заслужувате и ќе почнете да создавате ваши верувања за одредени нешта во животот. Ќе бидете критични, но нема да судите. Ќе барате одговори без да ги обвинувате другите, бидејќи ви е јасно дека секој има право да верува во она што сака.

6. Свесност за вашите недостатоци

Јасно ви е дека никој не е совршен. Па, ќе бидете свесни за вашите недостатоци и секој ден ќе работите на нив. Се чувствувате оштетено, но ќе научите и да ги прифаќате и сакате недостатоците. Знаете дека вие сте вашиот најголем непријател и ќе почнете да ги контролирате токсичните мисли.

7. Страв од излегување од удобната зона

Знаете дека промените можат да бидат тешки и дека морате да ги направите за да созреете. И покрај тоа што ова е тешко и страшно, вие барате нови можности. Знаете дека никогаш нема да бидете подготвени и пробувањето нови нешта е единствениот начин да бидете храбри.

8. Признавање на грешките и лошите одлуки

Ова е единствениот начин да продолжите со вашиот живот. Ќе почнете да си простувате и да барате решенија, наместо да обвинувате некој друг. Можеби ќе се чувствувате глупаво откако ќе си ги признаете лошите одлуки, но истовремено ќе ви биде и полесно. Ќе бидете доволно храбри да се извините и ќе сфатите дека извинувањето нема никаква врска со гордоста.

9. Чувство на вина бидејќи се ставате на прво место

Ќе се чувствувате лошо кога ќе ги одбивате вашите пријатели, но сепак ќе го правите тоа. Почнувате да ги правите приоритет луѓето со коишто сакате да минувате време и внимателно одбирате на кои настани ќе присуствувате. Знаете дека не можете да ги задоволите сите и понекогаш е добро да бидете себични.

10. Сфаќање дека сте сами

Знаете дека никој не може да ве спаси, освен вие самите. Не можете секогаш да се потпирате на партнерот, родителите или пријателите и ќе го прифатите фактот дека пред сè, најважно е да бидете независни. Веќе можете самите да се справите со што било, но секогаш знаете и каде можете да побарате емоционална поддршка.

Дознајте и нешто повеќе за застрашувачките знаци дека сте на вистинскиот пат.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар