10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

Сите ние знаеме како мрзливоста изгледа, бидејќи и самите сме имале такви периоди, па затоа многу често ги доживуваме непродуктивните луѓе како мрзливи. Овие периоди најчесто се надминуваат, и потоа продолжуваме по својот пат, одејќи чекор поблизу до остварувањето на нашите цели. Но, што се случува кога ќе ја изгубиме решителноста и пред нас се појави страв од она кое најмногу го посакуваме? Погледнете ги следниве 10 начини кои можат да ви помогнат да продолжите да се движите кон вашите соништа во оние моменти кога сметате дека сте заглавиле.

10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

1. Напишете на лист хартија како го поминувате вашето време

Фокусирајте се на слободното време, по работните часови и обидете се да ги запишете сите оние нешта кои ги правите. Ако не можете веднаш да се сетите, набљудувајте се една недела и потоа запишете. Дали гледате ТВ премногу време? Дали поголемиот дел од денот го поминувате на Фејсбук? Ако сонувате да бидете писател, колку активно се вложувате во остварувањето на оваа цел?

2. Набројте ги чекорите кои ќе ве одведат од остварување на вашите соништа

Целите и соништата се достигнуваат полека, со трпение и труд. Вие не можете да ги остварите сите ваши желби преку ноќ. Токму затоа направете план и поставете си временска линија во која реално би можеле да ги достигнете сите чекори до вашите соништа. Понекогаш дури и мрзливоста може да се победи со добар план.

3. Направете проверка на целите

Ова може да биде малку застрашувачко, особено ако сте ја имале оваа цел подолго време. Доколку сте ја искажале гласно, тогаш таа станала и дел од вас. Но, ако овој сон се распаѓа затоа што не се движите кон него, тогаш можеби сте го надминале и веќе не ви е значаен. Преиспитајте се и откријте зошто постојано одложувате. Ако го правите тоа намерно, можеби сте насочени кон погрешна цел.

4. Надминете го стравот од неуспех со мали ризици

Поради некоја необјаснива причина, сите ние веруваме дека неуспехот е резултат на недостаток од способности, талент или мотивација. И само затоа што упорно веруваме во ова тврдење, стравот од неуспех нè спречува да се движиме во вистинската насока. Вашиот сон не може да се оствари преку ноќ, потребно е многу време, како и грешки од кои ќе учите. Едноставно направете ризик и преземете го првиот чекор. Малите успеси со тек на време ги уништуваат стравовите.

5. Надминете го стравот од критицизам со тишина

Овој страв најчесто се појавува како резултат од ниска самодоверба и верувањето дека нашата вредност доаѓа надвор од нас. Нормално е да сакате да ги направите вашите родители горди, но избегнувањето на нивниот критицизам не треба да биде единствената причина поради која правите нешто. За да се заштитите, споделувајте ги вашите соништа само со оние кои ве охрабруваат, а не чија единствена цел е да ве критикуваат.

6. Надминете го стравот од успех со помош на мали постигнувања

Да, постојат луѓе кои се плашат од успехот и можеби токму вие сте едни од нив. Проблемот настанува кога конечно ќе ги остварите вашите соништа и ќе се појави прашањето: „Што е следно?“ Многу луѓе несвесно ги саботираат своите цели бидејќи се плашат да пронајдат нови со цел да продолжат понатаму. Целта е да почнете полека, со мали успеси, за да се навикнете на напредокот и да можете полесно да го прифатите крајниот успех.

7. Поделете ги вашите цели

Ако сметате дека сте обземени од преголема цел или сон, поделете ги на помали делчиња. Движете се чекор по чекор, освојувајќи дел по дел од вашата цел и не застанувајте сè додека не стигнете до самиот крај. Бидете храбри и направете го првиот чекор уште денес.

8. Дружете се со вистинските луѓе

Доколку сакате да бидете успешни во вашите цели и да не заглавувате некаде по пат, многу е важно да сте во близина на позитивни луѓе кои ќе ги поддржуваат вашите соништа и ќе ви помогнат да ги остварите.

9. Визуализирајте го остварувањето на вашата цел

Кога конечно ќе успеете во вашите намери, како ќе изгледа вашиот живот? Каде ќе бидете вие? Што ќе правите? Колку појасно го замислите исходот, толку помотивирани ќе бидете да продолжите понатаму.

10. Престанете да користите изговори

„Многу сум зафатен/а со моменталната работа“, „Немам поддршка“, „Премногу е тешко“… Не им дозволувајте на негативните мисли да преовладаат и уште поважно, не дозволувајте секојдневните изговори да станат главната причина поради која ќе го одложувате остварувањето на вашите цели. Ако не успевате да најдете време, вратете се на почетокот и откријте дали навистина сакате да го постигнете тоа или пак, можеби вашите желби се смениле…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар