Само за женски очи: Најсексапилните фитнес модели на Инстаграм!

Тие не се само слатки и презгодни, туку се и едни од најпознатите манекени во светски познатите кампањи за долна облека. Затоа и можете да ги забележете на многу фотографии од светските брендови како што се Келвин Клајн или Армани. Сигурни сме дека нема да можете да одолеете на нивните фотографии на Инстаграм. Ова се најсексапилните фитнес модели на Инстаграм.

1-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

1. Френки Самарата

Манекенот кој досега ги красеше насловните страници на магазинот „Вог“ и има само 21 година е токму овој неодолив Американец од Округот Оринџ. Неговиот Инстаграм профил е преплавен со негови секси фотографии, па ние сме сигурни дека нема воопшто да зажалите ако започнете да го следите уште денес.

2-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 3-0-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 4-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

2. Алесио Поци

Алесио Поци се наоѓа на листата на најбарани машки модели, а досега имавме прилика да го видиме во кампањите на водечките италијански брендови – Рикардо Тиши, Долче & Габана и Версачи. За 20 години, тој има сè, а највпечатлив е неговиот италијански шарм со кој просто зрачи.

5-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 6-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 7-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

3. Томас Сколудик

Момчето кое има скоро 30 години, досега ги красеше кампањите на брендовите Армани и Долче & Габана, а моментално живее во Лос Анџелес. Затоа не е чудно што неговите фотографии на Инстаграм се главно полуголи, а тој самиот е миленик на 40.000 следбеници од кои со сигурност 99% се девојки.

8-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_9-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 10-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

4. Тобијас Соренсен

Овој неверојатно сексапилен фраер, најверојатно поголемиот дел од вас го познава од рекламите за долна облека на брендот Келвин Клајн, но и од рекламите на Долче & Габана. Како и нема да го познавате кога овој манекен е еден од најбараните модели на денешницата! Но за жал, мораме да ве разочараме, бидејќи Тоби има девојка, и тоа каква девојка – Ангелот на Викторија Сикрет, Џасмин Тукис. Знаеме, знаеме, потполно е неодолив.

11-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 13-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

5. Ксавијер Серано

Ксавијер Серано живее живот на релација Милано – Сицилија, од каде што и потекнува, токму поради тоа што е еден од главните адути на модното дуо Долче & Габана. Доколку не знаете за кое момче станува збор, сè ќе ви се разјасни во оној момент кога ќе ги погледнете неговите фотографии, бидејќи овој сексапилен Италијанец дефинитивно е еден од фраерите кој ќе ви го разубави денот секојпат кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм профил.

14-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 15-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 16-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар