Едноставен рецепт со 6 состојки за неверојатно здрава и сјајна коса

Кокосовото масло е нешто незаменливо

(1) Едноставен рецепт со 6 состојки за неверојатно здрава и сјајна коса

Потребни состојки:
  • 60 милилитри кокосово млеко, незасладено
  • 80 милилитри течен сапун од маслиново масло
  • 1/2 лажичка масло од јојоба
  • 1/2 лажичка масло од авокадо
  • 15 капки есенцијално масло од рузмарин (по избор)
  • 15 капки есенцијално масло од нане (по избор)
Начин на подготовка и употреба:

Ставете ги сите состојки во шише и тресете го сè додека тие не се комбинираат.

Пред секоја употреба протресувајте го шишето. Намокрете ја вашата коса и намачкајте го скалпот со 1 до 3 лажици од мешавината. Нежно масирајте, а потоа измијте добро со вода. Резултати се скоро инстантно видливи.

Оваа мешавина може да трае неколку дена на собна температура, но ако сакате да издржи подолго, ставете ја во фрижидер. Најдобро е доколку поголемиот дел од неа го чувате во фрижидер, а мали количини поставите покрај тушот за да ви биде при рака. Доколку се чува во фрижидер, може да се користи и до 2 недели.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар