10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека - Part 2

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

6. Ги игнорирате инструкциите за „хемиско чистење“

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Понекогаш инструкциите „хемиско чистење“ можат да значат повнимателно да се грижите за парчето облека. Ова важи за природни влакна, како лен или свила. Можете да ги исперете и рачно. Но велурот и кожата бараат посебна нега што можат да ви ја овозможат само професионалци. Во спротивно можете да го уништите парчето облека.

7. Го уништувате материјалот со избелувач

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Измешајте го избелувачот со вода пред да го додадете во облеката и не ставајте премногу од него. Во спротивно можете да направите дупки во облеката бидејќи избелувачот може да ја ослаби ткаенината. Исто така, претераната употреба може да ја пожолти белата облека.

8. Не ја регулирате брзината на последната центрифуга

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Последната центрифуга влијае различно на разните материјали. Процесот се мери со вртежи во минута (RPM). Памучната облека може да издржи до 600 вртежи, а памучните крпи и постелнина до 1.400 вртежи. Деликатните материјали до 400, додека фармерките можат да издржат 900 вртежи. Поголемиот број може да направи дупки и да ја истроши ткаенината.

9. Носење нова облека без да ја исперете

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Новата облека може да пушта боја, но нема да го знаете тоа ако не ја исперете пред да ја облечете. Новата облека перете ја со други парчиња со слична боја пред првото носење. Ова ќе ви ја спаси останата облека од непосакувана промена на бојата.

10. Не им обрнувате внимание на навлаките за перници

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Обично, на чаршафите не им е потребно претходно перење. За нив функционира која било опција од пералната со топла вода. Но ова не важи за навлаките. Пред да ги ставите во машината, проверете дали имаат дамки од креми или шминка и исчистете ги. На овој начин ќе ги отстраните сите нечистотии.

Погледнете и како да ги исперете пожолтените перници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар