10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Од појавата на електричната машина за перење облека во 1900-тите, перењето станало многу побрза и полесна обврска. Но, сè уште постојат грешки при перењето што многумина од нас продолжуваат да ги прават. Поради овие грешки можете да ги уништите и вашите омилени парчиња облека. Па, погледнете некои од најчестите и како да ги избегнете.

1. Не употребувате антибактериско средство за облека

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Ако некој од вашите членови од семејството имал некаква болест, како на пример грип, обичното перење може да не биде доволно. Потребно е да употребите посебно антибактериско средство за да го спречите ширењето на инфекцијата. За бела облека можете да користите избелувач со хлор. Внимателно следете ги инструкциите на пакувањето. Најчесто треба да го нанесете директно на облеката во пералната.

2. Не ја чистите машината за перење облека

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Старите модели на машини за перење имаат филтер кој треба да се чисти редовно. Ако сте премногу зафатени, обидете се да го чистите барем еднаш месечно. Извадете го според упатството на машината и исчистете го со четка и малку детергент. За подобри резултати можете да го накиснете во врела вода 10-тина минути.

Поновите машини го немаат овој филтер. Тие имаат опција за чистење која е добро да ја вклучите еднаш месечно. Некои експерти советуваат да користите и таблети за чистење или течни раствори. На овој начин ќе ѝ го продолжите животот на машината за перење.

3. Ја перете облеката превртена на погрешна страна

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Откако ќе ги испразните џебовите на фармерките, превртете ги од другата страна. И тие треба да се исперат. Џемперите и памучните блузи перете ги превртени наопаку. Со ова ќе го спречите оштетувањето на материјалот.

4. Ставате премногу облека во машината

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Машината може да изгледа голема со многу простор за исполнување. Но експертите за чистење препорачуваат дека треба да ѝ дадете доволно простор на облеката. Дури и ако машината е полна, внатре сепак треба да има место колку две тупаници. Ова ќе овозможи подобро перење и плакнење на облеката.

5. Не ги одделувате чорапите

10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека

Откако ќе ги ставите чорапите со другата облека, може да ви биде тешко да ги пронајдете повторно. Најдобро е да ги ставите во платнена торба или во навлака од перница.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар