Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Фотографката Каролин Пауер била повикана да помогне во спасување на бебиња желки кои се насукале на брегот во алгата позната како Sargassum. Оваа алга се движи по струите низ тропските мориња. Таа им нуди храна и засолниште на над 240 видови риби, морски птици и видови како туна, па дури и морски желки.

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Во отворениот океан, оваа алга е оаза. Но кога ќе заврши на брегот, може да ги зароби животните кои живеат во неа и да ги закопа живи.

Кога Каролин пристигнала на местото, била ужасната. Алгите биле полни со пластика. Лесно било да се идентификуваат продукти користени во Гватемала и Хондурас, како што се шишиња од Кока-кола, етикети од Пепси и мали пакувања од шампон. Имало и многу пластични кеси и детски играчки.

Дури до 40% од глобалното производство на пластика се користи за пакување производи на Кока-кола, Пепси, Нестле и слично, па тие се одговорни за голем дел од загадувањето.

Волонтерите успеале да спасат 18 неодамна извадени желки од пластиката. Желките биле однесени во центар за спасување и чекале да бидат пуштени на слобода. За жал, не преживеале сите желки. Во една од мртвите желки биле пронајдени 13 пластични предмети. Желката била помлада од две недели.

Погледнете ги фотографиите што ги направила Керолин на кои е прикажана ужасната состојба во која биле најдени желките.

Ова малечко беше најдено закопано на брегот

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Спасувачите бараат желки пред да бидат заробени на копното

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Пластични остатоци од нечиј ручек

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Ова малечко го чека пластично море

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Ова малечко буквално одеше низ пластиката

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Ова не преживеа. Не се знае причината за смртта, но тие не умираат од „природни причини“, па најверојатно е поради заплеткување или јадење пластика

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Сите видови морски желки се загрозени – помалку од 1 во 1.000 стануваат возрасни

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Она што требало да им биде заштита на желките станало пловечка депонија

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Осум од тринаесетте предмети најдени во желудникот на желката беа пластиката

Вознемирувачки фотографии што го прикажуваат влијанието на загадувањето со пластика врз желките

Погледнете и кои видови пластика треба да престанете да ги употребувате уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар