Животот на Бети: Фотографиите на оваа инстаграмџика блескаат со есенска магија

Животот на Бети: Фотографиите на оваа македонска инстаграмџика блескаат со есенска магија

Бети има 25 години и живее во Базел, Швајцарија. По професија е архитект и работи со полно работно време. Слободното време најчесто го минува со своето семејство или со дечкото, но исто така патува и прави фотографии за нејзиниот Инстаграм блог. Бети отсекогаш имала желба да биде академски успешна и исполнета, па затоа се трудела многу, и иако не верувала секогаш во себе, дошол денот кога таа може да каже дека остварила многу од животните цели и дека е среќна и исполнета во скоро секој аспект. Прочитајте како се одвиваше нашиот разговор со оваа талентирана девојка и уживајте во нејзините прекрасни фотографии!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

1. Како настана идејата за твојот креативен Инстаграм профил?

Кога го прочитав прашањево, го земав телефонот и „искролав“ најдолу, каде што се наоѓа мојата прва фотографија објавена на оваа социјална мрежа. Заклучив дека не постои одреден период кога ми се појави желбата да почнам поинтензивно да објавувам, и единствено што можам да кажам е дека со тек на времето се пронајдов во нешто, коешто ме исполнува и ми овозможува да ги остварам моите креативни идеи – нешто што ми овозможува да отскокнам од мојот секојдневен живот, кој се состои најчесто, само од работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

2. Дали сама ги правиш фотографиите или пак, некој друг се крие зад објективот? Исто така, дали користиш фотоапарат или мобилен?

Зад моите слики најчесто се крие мојата помала сестра или мојот дечко. На почетокот беше комплицирано и не ми ги разбираа желбите. Тие не разбираа зошто одбрав баш Инстаграм и зошто не ми е доволна само една фотографија на одредената локација. Сега се разбираме многу подобро, веќе и знаат на кој начин сакам да биде фотографирано, што да се гледа на фотографијата, а што не, и под кој агол да биде. Имам многу голема поддршка од нив и не би била тука денес, ниту пак би ја имала мотивацијата, ако тој што ги прави моите фотографии, ги прави само затоа што мора.

Кога се решив да инвестирам во професионален фотоапарат (пред околу 3 години), не можев ни да замислам дека ќе го користам толку ретко. Повеќе од 80% од моите фотографии се сликани со мојот ајфон 8+. Според моето мислење, квалитетот е скоро ист, а добивам многу повеќе на време со ајфонот, затоа што сите фотографии ги обработувам директно на него, па не морам да ги преместувам од едно на друго место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

3. Колку време е потребно за да изработиш една фотографија и да ја подготвиш за објава? Кои софтвери ги користиш и дали имаш омилени хаштагови што ти помагаат да привлечеш поголем број следбеници?

Многу спонтано и секогаш различно. Ми се случувало да се подготвувам за фотографирање и по неколку часа, особено ако се работи за „flatlay“ фотографија. Таквиот начин на фотографирање, верувале или не, ми одзема многу време, можеби затоа што знам да бидам перфекционист, па сакам сè да е онака како што имам замислено.

Неодамна почнав да користам хаштагови. Искрено, не верував во нив, затоа што самата ретко кликав на нив кога сакав да гледам кој и што има објавено, сè додека не запознав другарки на кои им е добро позната оваа сфера. Многу време им требаше да ме убедат дека всушност тоа многу може да помогне за поголем број луѓе да ме откријат и заследат. Немам некои омилени хаштагови, ама како совет, сега можам слободно да кажам дека треба да се пишуваат.

На пример, планирам да објавам фотографија со сцена во природа, за време на есенско утро. Би ги искористила следниве хаштагови: #walkinnature #goodmorning #beautifulmorning #autum #autumnmornings…

Исто така користам хаштагови кои ми одговараат на мојот Инстаграм. Во моментов сум фокусирана на креирање фотографии во Базел, па ги користам хаштаговите кои се често користени тука.

Како што веќе споменав, сите мои едитувања и обработки ги правам на мојот телефон и ги користам следниве апликации: Snapseed, Lightroom, Facetune, DesignLab и Unfold.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

4. Што најмногу го привлекува твоето око во однос на пејзажите зад тебе? И како инстаграмџика, дали секогаш размислуваш во „коцка“ или пак, поинаку ја планираш фотографијата?

Пред неколку недели добив една понуда за соработка со еден бренд. Пред детално да ми објаснат за што се работи, ми го поставија прашањето: За што всушност е твојот Инстаграм профил, на кој начин функционира, дали се ориентира кон патувања, убавина или мода? Мојот одговор беше: Животен стил.

На мојот Инстаграм можат да се најдат фотографии од убави патувања и локации, но и од продукти кои ги обожавам, па сакам да ги споделам со моите инста-пријатели. Сакам мода, но никогаш не би можела да се ограничам само на тоа. Едноставно кажано, објавувам сè што мислам дека е убаво, квалитетно и естетично за око.

Ретко планирам однапред, скоро секој ден имам некоја нова идеја за слика. А кога ќе снемам инспирација, ги отворам профилите на многу поуспешните Инстаграм блогерки и добивам нови желби и инспирации инстантно. Знам често да изгуглам и интересни места во околината кои би се вклопиле во мојот профил, па одам и ги посетувам. Самиот Инстаграм ми помага да откријам делови од мојата околина коишто никогаш ги немам забележано и сум немала намера да им дадам на значење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

5. Твојот профил без сомнение е исполнет со многу креативни фотографии. Што повеќе ти помага за да го добиеш најдобриот краен резултат – наместени или спонтани сцени?

Без разлика колку и да сакам на прашањево да одговорам дека сè е спонтано, морам да признам дека можеби 90% од моите објави се исценирани и наместени. Не го користам Инстаграм профилот за да го покажам секој аспект на мојот живот, туку покажувам само еден „идеализиран“ дел каде што светлината е совршена, а небото многу често знае да ги има само најубавите бои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

6. Постојат многу девојки што се борат со ниска самодоверба. Каков совет би им дала за да ја зголемат љубовта кон себе и да почнат да се чувствуваат поудобно во својата кожа?

Можеби овој одговор би бил надополнување на претходниот. Никој не е совршен и ништо не е идеално. Иако ретко пишувам за моите борби и потешкотии, затоа што генерално сакам мојот профил да биде место каде што се шири позитивна енергија, неодамна се отворив под една од моите објави и зборував за една од моите најголеми несигурности додека растев. Често и добивам прашања на таа тема од моите инста-пријатели, па разговараме отворено преку пораки. Самата многупати знам да бидам несигурна во врска со мојот надворешен изглед, ама се трудам да не размислувам многу околу тоа. Ако можам да променам нешто на здрав начин, го правам тоа. На пример пред неколку дена почнав повторно да тренирам фитнес после скоро година дена пауза. Cе трудам да работам на себе и да ја добијам секогаш најдобрата верзија од себе која во секој случај, е далеку од совршена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BETI (@lifeofbeti) on

Разубавете го вашиот Инстаграм и со прекрасните фотографии на Дона Неделковска!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар