10 едноставни начини на кои можете да им покажете на вашите љубени дека се грижите за нив

10 едноставни начини на кои можете да им покажете на вашите љубени дека се грижите за нив

Вие можете постојано да им кажувате на вашите сакани дека се грижите за нив, но доколку не го покажувате тоа, тогаш вашите зборови се празни. Па, доколку сакате да им покажете дека навистина се грижите и ги сакате, погледнете ги најдобрите начини на кои можете да го сторите тоа…

10 едноставни начини на кои можете да им покажете на вашите љубени дека се грижите за нив

1. Секое утро, започнувајте го денот со бакнеж. Исто така, завршувајте го и денот со бакнеж. Прегрнете го и бакнете го вашиот партнер секогаш кога ќе се видите, без разлика колку време сте биле одвоени. Бакнежите не секогаш водат до секс, но тие дефинитивно ќе ја зацврстат вашата поврзаност.

2. Имајте повеќе физички контакт кој не е сексуален. На овој начин вие ќе ја подобрите вашата врска, но и вашиот живот. Не заборавајте да го допирате вашиот партнер, без разлика дали тоа значи држење за рака, прегратки или едноставно тргање на залутан прамен од неговото/нејзиното лице.

3. Кажете им на неговите/нејзините родители дека завршиле одлична работа со неговото/нејзиното воспитување. Овој гест може да направи огромна разлика во вашата фамилијарна динамика.

4. Секогаш давајте му/ѝ комплименти, дури и кога е лошо расположен/а. Колку повеќе правите вашиот партнер да се чувствува добро, толку повеќе тој или таа ќе се грижи за вас и вашата врска.

5. Ако направите грешка, извинете се што побргу. Колку повеќе чекате, толку потешко ќе можете да ги најдете соодветните зборови. Исто така болката ќе расте, влијаејќи ви негативно на вашиот секојдневен живот. Извинувањето треба да доаѓа од вашето срце и да биде чисто и едноставно.

6. Покажете им дека им верувате неизмерно. Доколку не можете да го направите тоа, можеби треба да размислите да поработите малку на вашата врска. Љубовта не може да цвета во свет каде што нема доверба.

7. Давајте му/ѝ мали подароци, без причина. Давањето е процес, не настан, па токму затоа е и нешто што треба да се случува постојано. Овие подароци не треба да бидат скапи и големи, туку мали гестови на внимание. Да, вие треба да сакате да ги славите големите настани, како родендените и празниците, но оние подарувања кои доаѓаат од срцето се нешта кои тој или таа треба редовно да ги добива.

8. За време на несогласувањата, направете сè што е во ваша моќ да зборувате со нежен тон во гласот. Не можете ништо да решите доколку сте вознемирени и викате колку што ве држи гласот. Од друга страна пак, нема проблем што не може да се реши со мирниот разговор.

9. Ако не сте редовниот готвач во домот, изненадете го/ја со нешто вкусно. Не мора да биде нешто комплицирано, бидејќи намерата е онаа која е навистина важна.

10. Кога имате слободно време, поминете го во што е можно повеќе разговор. За една врска да биде успешна, потребно е многу близина и комуникација. Тоа не можете да го постигнете доколку целото слободно време го поминувате гледајќи ТВ серии и филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар