10 „НИКОГАШ“ кои сигурно барем еднаш во животот ќе ги направите

На почетокот од животот можете да кажете дека не сте направиле многу нешта, но како што растете овие нешта престануваат да бидат први. Секој ги памети своите први пати, но за да стигнете до нив мора прво никогаш да не сте ги направиле.

0-10-nikogash-koi-sigirno-barem-ednash-vo-zhivotot-kje-gi-napravite-kafepauza.mk

1. Никогаш немате сликано селфи

Инструкции за селфи:

  1. Земете каков било уред со камера – апарат, мобилен телефон…
  2. Свртете го објективот кон вас
  3. Застанете во некоја поза
  4. Кликнете на копчето и сликајте се

Ете ви селфи. Ваш е изборот дали ќе го објавите, избришете, пратите на некој или ќе остане во вашиот телефон или апарат како потсетник.

2. Никогаш не сте патувале во странство

Ова порано или подоцна на секој му се случува, барем еднаш во животот. Картите за авион се скапи, а не е евтино да се патува ни со автобус. Можеби време е да почнете да штедите…

3. Никогаш се немате отселено

Без разлика дали за да одите на факултет или поради некоја друга причина, порано или подоцна ќе се преселите, а тоа може да биде и само привремено. Ќе научите многу повеќе за себе и како да се прилагодувате на различни ситуации. Преселувањето не е евтино, така што внимавајте на финансиската состојба во моментот кога треба да се селите.

4. Никогаш не сте имале работа

Па добро, за ова и не сте вие виновни. Во некои полиња е навистина тешко да се најде работа затоа што голем број од работодавачите бараат искуство, диплома или академски успех. Ова исто така зависи од вашето резиме. Вметнете нешто што ќе ве одвои од масата и ќе ве направи необични и посакувани вработени.

5. Никогаш не сте имале пријател

Пријателите доаѓаат и си заминуваат и постојано запознавате нови. Не може да кажете дека никогаш сте немале пријател, затоа што првите пријателства се формираат уште во вашата фамилија.

6. Никогаш не сте имале месечен циклус

Кивање, кашлање, смеење, станување, одење – едноставно чувствувате бран „таму долу“. Ако знаете, тогаш знаете. Сепак, ова е нешто од кое не треба да се срамите – доаѓа природно и тоа е знак да сте спремни за зачнување. Па затоа вие не одлучувате кога ќе се случи.

7. Никогаш не сте имале симпатија

Ах симпатии, симпатии… Тие се толку плитки, бидејќи фантазирате за некој според начинот на кој изгледа. Непредвидливи се, а кога ќе почувствувате пеперутки во стомакот и некое топло и пријатно чувство, тогаш знаете дека станува збор за симпатија.

8. Никогаш не сте имале момче/девојка

Ова е во ред на секоја возраст. Всушност, може да го поминете цел живот без да имате момче или девојка. Тоа е ваш живот и вие одлучувате што да правите, без разлика дали станува збор за сингл статус, брак, или заедничко живеење со некого. Некои луѓе едноставно сакаат да ја избегнат болката и затоа не влетуваат во врски, а тоа е сосем нормално. Само никогаш немојте да се задоволувате со помалку од она што го заслужувате.

9. Никогаш не сте биле бакнати

Како и претходното, во ред е никогаш да не сте имале прв бакнеж. Некои се исплашени, некои се плашат од бактерии, а некои едноставно не сакаат. Тоа е комплетно нормално. Не дозволувајте никој да ви врши притисок. Одвојте си време. Бакнувањето е многу интимен акт. Додека некои можат да го прават со кого било, некои едноставно не можат. Најважно е да не им судите на другите. Исто така, првиот бакнеж е искуство кое засекогаш ќе го паметите.

10. Никогаш не сте имале секс

Ова е можеби најважното „никогаш“ од сите на листава. Никогаш не треба да се чувствувате под притисок и запаметете: ваше тело – ваши правила. Вие кажувате кога ќе ја изгубите невиноста, без разлика дали е тоа пред брак или потоа. Тоа е ваша одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар