7 елегантни навреди со кои ќе покажете остроумност, достоинство и интелектуалност

За жал, некогаш се случуваат ситуации кога немате избор освен да ја навредите личноста која стои спроти вас. Наместо да почнете да ја пцуете поради што ќе изгледате како да немате доволно домашно воспитание, искористете некои поелегантни навреди. Вака ќе изгледате софистицирано и интелигентно, а еве некои од најдобрите.

1. „Подобри луѓе од тебе ме нарекувале и полошо“

Ова е една од најдобрите навреди кои можете да ги кажете. Ќе го навредите соговорникот, а и ќе му кажете дека воопшто не ви е грижа што тој мисли за вас.

2. „Можам да ти објаснам, но не можам да ти турам со инка“

Кога личноста со која се расправате не ве разбира, тогаш треба да ја искористите оваа навреда. Ќе ѝ покажете дека имате волја да ѝ го објасните она што го зборувате, но дека тоа не би помогнало затоа што таа едноставно не е доволно паметна за да сфати.

3. „Би се сложил/а со тебе, но тогаш двајцата ќе грешиме“

Кога не можете да го дочекате крајот на расправијата, можеби ќе бидете под искушение едноставно да се сложите со другата личност само за да се ослободите од неа. Сепак, оваа навреда ќе ѝ даде до знаење дека веќе ви здодеало да зборувате, но и дека не можете да се сложите со нејзиното ужасно размислување.

4. „Ми се допаѓа што за очигледни нешта зборуваш како за големи откритија“

Ова е можеби и најслатката навреда која постои. Ја навредувате интелигенцијата на соговорникот и саркастично му давате комплимент за неговиот ентузијазам. Ова е одлична реченица која треба да ја употребите кога зборувате со некој кој страсно кажува факти за кои воопшто нема познавања.

5. „Не зборувај освен ако не сакаш да го подобриш звукот на тишината“

Ова е одличен начин да му кажете на некој дека она што го зборува е бесцелно и дека треба да молчи ако нема ништо паметно да каже. Освен ако не може да смисли нешто што ќе го подобри звукот на тишината, мислите на оваа личност треба да останат неискажани.

6. „Твоето ниво на интелигенција е толку ниско што не може ни земјотрес да предизвика.“

Оваа навреда е толку прекрасна затоа што постојат голем број луѓе кои не ја разбираат Рихтеровата скала, па затоа нема ни да ја разберат оваа навреда. Секако, ако сакате да ве разберат можете да кажете „Твоето ниво на интелигенција е помало од температурата во собава.“ На вас оставаме.

7. „Одбивам да се натпреварувам во мудрување со невооружен противник“

Кога ќе се уморите од бесполезно расправање кое изгледа како да нема крај, искористете ја оваа навреда. Вака, на другата личност ѝ давате до знаење дека не вреди да го трошите времето на неа. Без разлика колку долго зборувате со неа, таа никогаш нема да ве разбере вас, а ниту начинот на кој функционира светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар