Зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?

Зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?

Мачките понекогаш се однесуваат навистина чудно и нема објаснување за нивното однесување. Меѓу чудните однесувања е и спиењето во мијалникот.

Зошто некои мачки сакаат да лежат во мијалникот?

Зошто мачките спијат во мијалникот?

Постојат неколку теории зошто мачките имаат тенденција да спијат во мијалникот, но тоа не е целосно разјаснето. Меѓу нив е теоријата според која мачките го сакаат обликот на мијалникот затоа што тоа природно одговара на нивната форма на телото и кога лежат во него се чувствуваат заштитени како во кутија.

Нивото на стрес кај мачките е значително намалено кога имаат пристап до места каде што можат да се сокријат, како што е кутијата. Затоа се смета дека мијалникот има сличен ефект.

Според друга теорија, мачките ги привлекува рамната и ладна површина на мијалникот. По сончањето на прозорецот, тие може да го изладат крзното во мијалникот. Бањите обично се тивки и мирни места и нема врева како во кујната или во дневната соба. Таму мачките можe да се повлечат и да уживаат во мирот и во тишината.

Мијалниците се на повисоко ниво, така што оттаму можат безбедно да ја набљудуваат територијата. За некои мачки, спиењето во мијалникот значи дека ќе добијат повеќе галење додека ги убедувате да заминат. Ако им обрнувате внимание додека лежат во мијалникот, мачките ќе се враќаат таму почесто за да ги разгалите уште повеќе.

Најновата теорија вели дека мијалникот е близу до славината, а мачките претпочитаат да пијат проточна вода отколку онаа што е во сад, така што тоа им е идеална можност да дојдат до таква вода.

Дали е сè во ред со мачката ако спие во мијалникот?

Општо земено, спиењето во мијалникот е невообичаено однесување, но ако мачката често оди таму, можеби нешто не е во ред.

Однесете ја на ветеринар за да проверите дали вашата мачка има проблеми со дијабетес или со бубрежни заболувања и затоа бара повеќе вода.

Како да ја спречите мачката да спие во мијалникот?

Најлесниот начин е да го ограничите пристапот до бањата. Затворете ја вратата од бањата, направете ѝ кревет за мачки што личи на мијалник и ставете го во тивка просторија во куќата. Ако причината за лежење во мијалникот е свежата вода, набавете сад што со циркулирање ја одржува водата свежа.

Прочитајте зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар