Промотивна понуда од А1 Македонија: А1 MyKi, детскиот смарт часовник, со намалена месечна претплата и детски тротинет

Промотивна понуда од А1 Македонија: А1 MyKi, детскиот смарт часовник, со намалена месечна претплата и детски тротинет

А1 Македонија од денес понуди нова промотивна месечна претплата од 199 денари за тарифата за детскиот смарт часовник MyKi. Сите корисници кои ќе направат активации во следниот период ќе добијат и детски тротинет.

Промотивна понуда од А1 Македонија: А1 MyKi, детскиот смарт часовник, со намалена месечна претплата и детски тротинет

Со новата промотивна понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор за А1 MyKi, ќе ја активираат услугата за 199 денари месечно, ќе го добијат MyKi смарт часовникот без надоместок како и детски тротинет. Промоцијата е достапна за сите резидентни и бизнис корисници.

MyKi смарт часовникот е уред со кој родителите секогаш се во тек со движењето и локацијата на нивното дете. Со можноста која ја дава вградениот GPS уред во часовникот, родителите во секое време можат да имаат на увид каде точно се наоѓа нивното дете. За уште поголема безбедност, преку вградената СИМ картичка, родителите добиваат можност да зборуваат со своето дете кога и да посакаат.

Уникатниот часовник MyKi располага со копчиња за брзо бирање кои се поврзани со телефонските броеви впишани и меморирани од страна на родителите. Со тоа, детето може да добие некој од членовите на своето семејство само со еден допир на копчето.

Детскиот смарт часовник MyKi, достапен во сина, розова и црвена боја е модерен додаток за деца од 3 до 11 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар