Зошто не помниме ништо од раното детство?

Зошто не помниме ништо од раното детство?

Научниците веруваат дека можеби конечно успеале да го одговорат прашањето: Зошто немаме сеќавања од нашето најрано детство? Поголем дел од возрасните личности имаат само мал број сеќавања од пред нивниот 3-ти роденден и сè до денешен ден ова е огромна мистерија.

Дали научниците конечно успеале да откријат зошто не помниме ништо од раното детство?

Еден тим предводен од Кетрин Ејкерс, кои работат во Торонто, откриле дека мозокот на бебето се развива толку брзо што новите сеќавања ефективно ги бришат старите. Истражувањето, кое било објавено во журналот „Наука“ на 9 мај 2014 година, сугерира дека неврогенезата (раѓањето на нови неврони) може да игра значајна улога во оваа „инфантилна амнезија“ која се случува кај голем број животни, вклучувајќи ги и луѓето.

Истражувачите со помош на благи електрични шокови успеале да истренираат група глувци да се плашат од одредена околина. Потоа тие им овозможиле пристап до тркало за трчање, бидејќи трчањето се покажало како природен начин на убрзување на неврогенезата. Кога Ејкерс и нејзините колеги ги вратиле глувците во околината на која биле истренирани да ѝ се плашат, поголемиот дел од оние кои трчале на тркалото заборавиле на овој страв, додека пак оние кои биле помалку активни се покажало дека многу добро ги помнеле ефектите на електрошоковите.

За подетално да го истражат ова откритие, истражувачите со помош на медикаменти ја успориле неврогенезата кај инфантилните глувчиња, кои во нормални услови создавале поголеми нивоа на неврони отколку возрасните глувци и потоа откриле дека тие на овој начин задржуваат поголем број сеќавања отколку оние кои не биле третирани.

И покрај тоа што оваа теорија е многу интересна, голем број научници велат дека сè уште треба да се истражува.

„Доколку сакаме подобро да ја сфатиме меморијата, неврогенезата во хипокампусот може да биде интересен пат по кој би можеле да тргнеме,“ вели Марк Хауи, истражувач на меморијата од Градскиот Универзитет на Лондон, кој бил дел од оваа студија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар