Не дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништа

Не дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништа

Животот истовремено е и тежок и убав. Ви дава безброј можности што би можеле да бидете или да правите. Што се нашите соништа? Крајна дестинација или само една станица од скапоценото патување наречено „живот“? Ова се 4 нешта кои ве спречуваат да го живеете животот најдобро што можете и да ги остварите своите соништа.

Не дозволувајте овие 4 нешта да ве спречат во остварувањето на вашите соништа

1. Стравот од неуспех

„Сè што сакате е на другата страна од стравот.“ – Џек Кенфилд

Општеството секогаш наметнува некакви норми. До која година треба да дипломираш, магистрираш, да се вработиш, да стапиш во брак и сл. Неретко чувствуваме голем притисок да ги исполниме сите очекувања и успешно да се соочиме со нашата конкуренција. Уште од мали нозе се плашиме од пораз. Овој страв ќе ве спречи да станете членови на организацијата во која сакавте да се зачлените или конечно да ја повикате на состанок девојката која ви се допаѓа. Но, ќе ви го попречи и отежни патот и во многу посериозни животни одлуки како изборот на кариера или образование.

Стравот дека ќе бидете одбиени, засрамени и дека нема да успеете е присутен кај секого во одредена доза. Не дозволувајте му да управува со вас. Ако храбро не тргнете и не го направите првиот чекор, никогаш нема да знаете што можеше да се случи. Ризикувајте, и да не успеете не е крај на светот. Не постои човек кој во сè успеал од првиот обид.

2. Слушањето негативни гласови

Да, се мисли на тие гласови во вашата глава кои постојано ви кажуваат дека не сте доволно добри, дека не сте направиле повеќе, дека не постигнувате доволно, дека нема да успеете. Стишете ги тие гласови, а потоа замолчете ги сосем. Го можете тоа, бидејќи тие гласови сте самите вие и ако не ги контролирате може сериозо да ви ја нарушат самодовербата. Исфрлете ги од употреба зборовите и изразите како „треба“, „не можам“, „посакувам да можев“.

Секогаш запомнете, вие сте многу попаметни, подобри и поуспешни од она што мислите дека сте. Престанете да се саботирате себеси. Што и да сакате да направите ќе го остварите со желба, верба и љубов.

3. Постојаната потрага по совршеното

Факт е дека, колку и да се трудите, животот никогаш нема да биде совршен. Секако, вложувајте се себеси, бидете посветени и амбициозни, но не бидете преокупирани со совршеноста. Престанете да го барате тоа 100% совршено, кога би биле сосем задоволни и среќни и со помалку. Перцепцијата за совршенство е многу субјективна работа. Нешто што е совршено за еден не е ни приближно совршено за друг. Можеби како перфекционисти треба да си дадеме малку оддишка. Во ред е, некогаш нештата нема да бидат во совршен редослед, но тоа не значи дека нема да бидат доволно добри.

4. Опседнатоста со минатото

Секој има товар од минатото кој треба да го прифати како дел од својот живот и своето созревање и да продолжи понатаму. Верувајте, што и да ви се случило вие може и мора да продолжите со животот на најдобар можен начин. Искрено и од срце простете им на оние кои ви згрешиле и не чувајте лутина во себе, така само си ја огорчувате душата. Помирете се со своето минато и со сите негови аспекти. Ако некогаш ви се случило нешто лошо не значи дека ќе се случи пак, ако некогаш некој ве повредил не значи дека треба да изградите ѕидови околу себе. Тоа што му припаѓа на минатото оставете го зад себе и извлечете го најдоброто од сегашниот момент бидејќи само таму може да влијаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар