Зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените?

Од постојаното слушање на вашите секојдневни проблеми до давањето совети за момчиња кога ќе побарате совет (и кога нема да побарате), мажите се најдобрите пријатели што една жена може да ги има. Тие ќе ве насмеат, ќе ве задеваат, ќе ги направат друштвените средби поподносливи и што е најважно, ќе бидат покрај вас секогаш кога ќе ви бидат потребни. Во продолжение прочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.

Зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените?

1. Мажите ги чуваат вашите тајни

Според едно истражување, жените не можат да чуваат тајна повеќе од 47 часа. Мажите, пак, забораваат на тоа што ќе им го кажете по само неколку минути, а тоа ги прави најдобрите чувари на вашите тајни.

2. Тие може да се претставуваат како да се вашето момче

Жените сакаат внимание, но само од одредени луѓе. Непријатните пораки од странци или од случајни момчиња во кафуле може да претставуваат проблем ако сте сингл. Но, вашиот најдобар пријател може да се претставува како вашето момче и да го задржи несаканото внимание подалеку од вас.

3. Не ви судат за храна што ја јадете

Без разлика дали јадете само зеленчук или сакате вкусен бифтек, мажите нема да ви судат за вашите навики во исхраната. Всушност, жените што сакаат да јадат се навистина привлечни за мажите. Мажите имаат навика да реагираат премногу и да ги импресионираат жените, па затоа, кога сте со најдобриот пријател, никогаш не мора да престанете да уживате во вкусната храна.

4. Не се натпреваруваат со вас

Според извештајот на Универзитетот во Аризона, жените може да бидат погруби кон другите жени. Тие се натпреваруваат меѓусебно и многу често се љубоморни. Мажите немаат толку голема желба да се натпреваруваат, особено кога станува збор за своите пријатели.

5. Мажите се веродостојни и доверливи

На повеќето девојки им е полесно да им веруваат на своите машки пријатели, отколку на другите девојки. Причината за ова е тоа што мажите се посигурни. Природата на мажите е таква – тие ги заштитуваат жените и се грижат за нивната безбедност.

6. Тие секогаш се подготвени за авантури

Дали ви треба некој што ќе оди на непосредни авантури со вас? Можете да сметате на вашиот пријател. Според едно истражување, мажите ризикуваат многу повеќе од жените и се многу поспонтани.

7. Мажите даваат најдобри совети за момчиња

Ако вашиот пријател ве замоли да останете подалеку од некое момче, тој само го сака најдоброто за вас. Мажите имаат способност да ги погодат намерите на другите мажи. Дефинитивно можете да се потпрете на вашите машки пријатели кога станува збор за совети за момчиња.

8. Тие не озборуваат

Додека жените ги искажуваат сите свои емоции во тоа што го раскажуваат, мажите избегнуваат озборувања. Тие комуницираат само кога имаат некоја намера или цел и претпочитаат да зборуваат кратко. Кога имаат да кажат нешто, ќе го кажат тоа директно, без заобиколување.

9. Мажите се најдобри пријатели за цел живот

Според експертите, мажите се полојалниот пол и тие се исто толку емотивни колку што се и жените. Тие премногу сакаат блискост и пријатели, но не се многу вешти кога станува збор за изразувањето. Изберете квалитет наместо квантитет – ако вашиот најдобар пријател е маж, можете да бидете сигурни дека нема да ве изневери. Машките пријатели остануваат со вас до крајот.

Прочитајте кои се најчестите приговори што мажите ги имаат за жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар