Зошто фините и добри луѓе почесто имаат проблеми со финансиите?

Зошто фините и добри луѓе почесто имаат проблеми со финансиите?

Една студија објавена во Журналот за личност и социјална психологија, покажала дека луѓето со топол карактер имаат помала заштеда во однос на оние со понепријатен карактер. Причината не е во тоа дека се слаби преговарачи, како што претходно се мислело, туку фактот дека парите им се помалку важни.

Авторот на студијата, Џо Гледстоун, од факултетот во Лондон пронашол поврзаност помеѓу карактерот и материјалниот статус, односно луѓето што се попријатни, пофини и подобри кон другите не се грижат толку многу за парите па затоа и полошо менаџираат со нив. Научниците дошле до ова сознанија по анализа на повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот.

„Кога сте добра личност што им верува на другите луѓе, автоматски си повикувате финансиски губиток, особено ако не сте научиле соодветен начин да компензирате за својот карактер“, вели Сандра Матс, коавторка на студијата од Колумбиското бизнис училиште во Њујорк.

До слични заклучоци дошле и постари студии, од кои пак, една од нив открила дека мажите со тежок карактер помеѓу 40 и 60 години имаат најголем успех во однос на финансиите. Тие не само што успеваат многу да заработат, туку точно знаат како да ги менаџираат своите пари за да уживаат во пријатен живот додека истовремено и заштедат за иднината.

Дознајте и зошто „лошите“ девојки се посреќни од „добрите“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар