Урнебесни сцени кои ви даваат до знаење дека повторно сте загледале сапуница

Урнебесни сцени кои ви даваат до знаење дека повторно сте загледале сапуница

Доколку често гледате сапуници, веројатно веќе сте запознаени со секој пресврт што може да се случи. Главниот машки лик најчесто е богата личност, додека женскиот главен лик доаѓа од пониската класа. Некои други ликови откриваат дека тие се всушност брат и сестра или роднини разделени во детството. Се разбира, не постои сапуница и без паѓање во кома или амнезија. Во име на забавата, погледнете ги најчестите и понекогаш најсмешните пресврти во сапуниците.

Знаци кои покажуваат дека гледате сапуница

  • Главната хероина се трансформира од неубава девојка во прекрасна дама со неверојатна убавина и аристократски манири.
  • По правило, никој не работи. Понекогаш ликовите седат на биро со загрижен поглед, средуваат документи или гледаат во компјутер. Во останатиот дел од времето, се справуваат со нивните врски.
  • Сите женски ликови имаат совршена фризура и шминка, и покрај несреќите во нивните животи.
  • Исто така, тие се секогаш дотерани и со високи потпетици, дури и кога целиот ден го минуваат дома.
  • Најчесто главниот машки лик е доктор, адвокат или архитект и е експерт во неговата држава.
  • Главната хероина е најчесто жена од пониската класа, која сама си го средила животот.
  • Обично сите ликови се собираат на некој настан, како модна ревија или донаторска вечер, вклучувајќи ги и оние кои воопшто не би требало да бидат таму. Огромниот скандал е неизбежен на овие настани.
  • Еден од ликовите долго време ќе биде во кома.
  • После многу години поминати во кома, со проблеми со алкохол или други психички или физички проблеми, херојот изгледа свежо, активно и е полн со енергија.
  • По правило, во серијата има само еден доктор. Тој или таа е специјалист за сите болести – оперира, ја контролира бременоста и лекува проблеми со срцето.
  • Омилениот здравствен проблем на сапуниците е амнезијата.
  • Еден од ликовите ја лажира својата смрт, а потоа се враќа од мртвите.

Знаци кои покажуваат дека гледате сапуница

  • Секогаш има некој кој губи свест, особено бремените жени. Најчесто така сфаќаат дека очекуваат дете.
  • Главниот лик е девојка со големо и добро срце, додека нејзиниот ривал е себична „вештерка“ на која ѝ се потребни мажи само за пари и статус.
  • Овој ривал сака да го победи главниот лик по секоја цена – подметнува пилули за спиење, ја опива хероината и прави други лоши нешта.
  • Целата серија се случува во само еден ресторан. Сите ликови се среќаваат тука каде што разговараат и ги средуваат нивните врски.

Знаци кои покажуваат дека гледате сапуница

  • Има барем една романтична сцена на напуштена плажа. Понекогаш ликовите не можат да ја напуштат плажата поради лошите временски услови. Токму на оваа плажа, тие сфаќаат дека се создадени еден за друг.
  • Ниту една тајна не е споделена без да прислушува некој друг.
  • Доколку еден лик теши, прегрнува или бакнува некого, секогаш се појавува некој друг кој не би требало да го види тоа. Овој момент е крајот на епизодата.
  • Жените кои одат на погреб носат гламурозни вечерни фустани со гол грб и неверојатни шапки.
  • Еден од ликовите лежел во затвор, најчесто погрешно обвинет. Ако не е главниот лик, тогаш казната била заслужена. А кога ќе излезе од затвор, се обидува да им наштети на главните ликови.
  • Ликовите често се на раб на инцест бидејќи многу од нив се браќа и сестри, родители, деца или братучеди без воопшто да знаат за тоа.
  • Сето ова се случува бидејќи децата се киднапирани или заменети во болница по раѓањето.

Знаци кои покажуваат дека гледате сапуница

  • Главната хероина, кога е депресивна или под дејство на некакви дроги, може да го даде нејзиното дете на странец. Во другата половина од серијата, таа жали за оваа одлука и го бара нејзиното дете.
  • Кога родителите по некое време ќе ги најдат нивните изгубени, веќе пораснати деца, секогаш ги пречекуваат со раширени раце.
  • Во сите сапуници има барем едно богато и почитувано семејство. Главниот машки лик најчесто потекнува од ова семејство, а неговите родители ја презираат хероината поради нејзиното сиромашно потекло.

Знаци кои покажуваат дека гледате сапуница

  • Одеднаш излегува дека и самата хероина потекнува од некое од најбогатите семејства, бидејќи била киднапирана од болницата по раѓањето. Всушност, таа е многу богата наследничка.
  • Во наредните неколку епизоди хероината ќе се откаже од нејзината среќа од благородни причини. За возврат, нејзиниот сакан ќе страда и ќе се теши со алкохол.
  • Во последната епизода, главните ликови конечно се обединуваат. Но пред да се венчаат, ќе се осигурат дека не се роднини.

Ви звучи познато?

Дознајте што кажува вашиот омилен тип серии за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар