Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

Не е тајна дека училиштата во Финска претставуваат пример што секој треба да го следи, најмногу бидејќи образованието на децата им е приоритет. Проектот KiVa е програма против малтретирање која се користи во училиштата во Финска, со цел да му се стави крај на училишното малтретирање. Оваа иницијатива е од голема важност, бидејќи според статистиката, една третина од младите тинејџери ширум светот неодамна се соочиле со малтретирање.

Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

Методот KiVa

Овој метод се состои од програма против малтретирање создадена од Министерството за образование во Финска. Името потекнува од Kiusaamista Vastaan што во превод од фински значи „против малтретирање“. Програмата е создадена во 2007-ма година и истата година го намалила малтретирањето за 40%. Засега, 90% од училиштата во Финска ја применуваат програмата и успеале да го отстранат малтретирањето од училниците.

Целта на KiVa е да ги направи учениците свесни за опасностите од малтретирањето и да им помогне да станат бранители за малтретираните деца. Децата повеќе не се пасивни сведоци и знаат дека доколку заедно се соочат со малтретирачот, тој нема да повреди друго дете.

Програмата е базирана на интервенција и превенција и функционира на следниов начин:

  • Се користи виртуелно поштенско сандаче каде што малтретирањето може да биде пријавено анонимно.
  • Има наставник на кој децата можат да му веруваат, бидејќи на училиште им е потребна возрасна личност која ги слуша, разбира и која се грижи за нив. За време на одморите, наставниците го набљудуваат однесувањето на децата.
  • Ја поддржуваат жртвата и ги подучуваат сведоците. Има 3 наставници експерти кои се одговорни за утешување на жртвата и разговарање со малтретирачот додека не се реши проблемот.
  • Се работи на емоции и вредности. Децата учат како да ги идентификуваат чувствата на нивните врсници преку невербална комуникација и работат на емпатија и почит кон другите.

Учениците кои се вклучени во овој метод добиваат околу 20 предавања на 7, 10 и 13-годишна возраст. На овој начин експертите можат да ги идентификуваат разните видови малтретирање во зависност од возраста и можат да му стават крај.

Држави што го применуваат методот

Поради неговиот успех, овој метод е имплементиран и ќе се имплементира и во други држави. Во 2015-та година, програмата беше прифатена во латино-американските држави како Аргентина, Колумбија, Шпанија, Мексико и Чиле. Дотогаш, содржината била достапна само на англиски, па методот се користел во двојазични училишта. Други држави, како Холандија, Велика Британија, Белгија, Италија, Естонија, Луксембург, Шведска, Нов Зеланд и Унгарија, исто така започнале да го користат методот во некои од нивните училишта.

Што да направите доколку вашето дете е малтретирано?

Доколку детето ви каже дека е малтретирано, најдобро е да следите неколку правила:

  • Покажете му дека може да ви верува. Ова е најдобриот начин да создадете атмосфера за разговор и разбирање.
  • Објаснете му на детето дека тоа не е виновно и дека ќе бидете покрај него без разлика на сè.
  • Информирајте ги наставниците за проблемот. Тие треба да бидат свесни што се случува во училницата и да најдат начин да го решат проблемот.
  • Покрај вашата поддршка, понекогаш од помош е и професионалец. Ова ќе му помогне на детето подобро да се справи со ситуацијата.

Погледнете ги и овие совети со кои ќе му помогнете на вашето дете доколку е жртва на малтретирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар