Значењето на големиот костум што Лејди Гага го носеше на црвениот тепих

Лејди Гага уште еднаш го „запали“ Интернетот со нејзиниот моден избор. За 25-тиот настан организиран од магазинот „Elle“, наречен Жени во Холивуд, кој се одржува во Лос Анџелес, Лејди Гага се појави со преголемо одело од Марк Џејкобс и со коса собрана во пунџа. Како и обично, и овој изглед има своја приказна. За време на нејзиниот говор, таа ја објаснила причината за нејзиниот необичен изглед.

Значењето на големиот костум што Лејди Гага го носеше на црвениот тепих

Бидејќи Интернетот е суровото место, сите кои не го ислушале говорот воопшто не ја сфатиле симболиката на големото одело. Корисниците на Твитер почнале да се шегуваат на сметка на Гага и да ја споредуваат со разни ликови.

За време на нејзиниот говор, таа ја објаснила причината за нејзиниот необичен изглед.

Но на Гага воопшто не ѝ е грижа за мислењето на овие луѓе. Таа сигурно ќе продолжи да ги поддржува нештата во коишто верува на различен начин, нагласувајќи ги преку нејзините модни избори. Во продолжение прочитајте го нејзиниот неверојатен говор и откријте ја причината за нејзиниот несекојдневен изглед.

За време на нејзиниот говор, таа ја објаснила причината за нејзиниот необичен изглед.

Па, откако пробав околу 10 фустани, со тага во моето срце мислејќи дека е навистина важно што носам на овој црвен тепих, здогледав големо одело од Марк Џејкобс во ќошот. Го облеков пред зачудените очи околу мене. Но, фустанот од Келвин Клајн одлично ти стоеше, ми рекоа. А што е со фустанот од Диор? Многу прашања. Сите беа само фустани.

Ова е големо машко одело направено за жени. Не е фустан. И тогаш почнав да плачам. Во овој костим, денес се чувствувам како јас. Во овој костим ја чувствувам вистината за тоа која сум. И тогаш ми стана многу јасно што сакав да кажам вечерва.

Како жртва на сексуално насилство од страна на личност од шоу бизнисот, како жена која сè уште не е доволно храбра да го каже неговото име, како жена која живее во хронична болка, како жена која уште од мала си поставила услов да ги слуша мажите, се одлучив дека денес сакам да си ја земам моќта назад. Денес јас ги носам панталоните.

Откако бев нападната на 19-годишна возраст, се променив засекогаш. Дел од мене се затвори со години. Не кажував никому. Самата избегнував. И чувствувам срам и денес додека стојам пред вас. Чувствувам срам за она што ми се случи. Сè уште има денови кога мислам дека беше моја вина. Откако споделив што ми се случи со моќни мажи во оваа индустрија, никој не ми помогна. Никој не ми понуди да ме води или да ме однесе на место каде што ќе почувствувам правда. Не ме ни насочија да побарам ментална помош што ми беше навистина потребна.

Мој личен сон е дека ќе има експерт за ментално здравје, учител или терапевт, во секое училиште во оваа нација и еден ден низ целиот свет. Тоа значи да бидете жена во Холивуд. Имам платформа. Имам шанса да направам промена. Се молам да слушаме, да веруваме и да им обрнеме подобро внимание на оние кои бараат помош. Помогнете. Бидете сила за промена.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар