Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Ел Вале де Антон е најголемиот населен кратер во светот и се наоѓа во зелената долина на кратерот. Вулканот кој мируваше илјадници години е омилено излетничко место на Панамците, како и на туристите. Од главниот град на Панама Сити до Ел Вале де Антон, потребни се околу два часа возење.

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Две или три ноќи се идеални за истражување на овој заспан планински град кој се наоѓа на дното на кратерот затоа што кога уживате во прекрасната природа и одите по патеките, лесно е да се изгуби претстава за времето. Најпопуларната рута води до врвот Ла Индија Дормид, природна формација на работ на кратерот на вулканот што личи на Индиец што спие.

Патем има мали водопади, каде што можете да се освежите на патот кон врвот, кој нуди одличен поглед на долината и градот. Вниманието го привлекуваат и петроглифи, пиктограми и логограми врежани во камени карпи, кои датираат уште од времето пред Колумбија. По еден ден пешачење, посетителите на Ел Вале де Антона најчесто се релаксираат во термалните води, посетуваат фарма за пеперутки, градска микропиварница и одат да ја видат златната жаба во зоолошката градина во Нисперо, што не може да се види на друго место во светот. Покрај патеките за пешачење и велосипедизмот, прекрасниот пејзаж може да се истражува и на коњ.

Најдобриот начин да се запознаете со традиционалните панамски производи, како и со гастрономијата е, секако, пазарот. Сместен е во срцето на градот и изобилува со бои на разни овошја и зеленчуци, како и со ракотворби. Во секој случај, панамскиот град има многу работи за незаборавно искуство.

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот

Прочитајте за овој тивок залив на нереално убави плажи и села кои лебдат на вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар