Во овие 7 работи нè убедуваат уште од детството, но тие воопшто не се точни

Во овие 7 работи нè убедуваат уште од детството, но тие воопшто не се точни

Многу од работите што сте ги учеле во животот како големи вистини, всушност се големи лаги. Најлесно е да се ставите себеси и другите во калапот, но животот не е толку едноставен. Многумина ве уверуваат дека текот на животот е многу едноставен и јасен – детство, училиште, факултет, работа, брак. Ако случајно скршнете од патот, добивате етикета на чудна личност или на губитник. Но, се разбира дека тоа не е точно. Во продолжение прочитајте за што не треба да ги послушате останатите.

Во овие 7 работи нè убедуваат уште од детството, но тие воопшто не се точни

1. Не издвојувајте се од околината

Одите на училиште, дипломирате, се вработувате, стапувате во брак, имате деца… Сакате да патувате откако ќе дипломирате? Не сакате да стапите во брак иако имате 30 години? Што подразбирате под тоа да бидете различни?! Ве споредуваат од сите страни и ако не се вклопувате во калапот, нешто не е во ред со вас и мора да заборавите на тоа веднаш. Престанете да се споредувате со соседите, со пријателите, со замислената верзија за себе. Вие треба да живеете онака како што сакате, а не како што сакаат вашите родители, вашиот партнер или некој друг.

2. Помалку ризик, помалку страдање

Понекогаш работите треба да бидат лоши пред да станат добри. Честопати мора да страдате за да ја постигнете вашата цел. Затоа, не плашете се од ризикот. Понекогаш мора да ги затворите очите и да тргнете кон непознатото. Само на тој начин можете да видите нови хоризонти за кои можеби не сте ни сонувале.

3. Жално е да останете сами

Ако некој е сам, не значи дека е осамен, исто како и оној што е во врската не значи дека е среќен. Уште полошо е да бидете во друштво, а да се чувствувате осамено. Поради мислењето дека е лошо да бидат сами, луѓето често не сакаат да го пуштат партнерот, иако е јасно дека таа врска не ги задоволува. Прво, треба да научите да бидете сами. Треба да се прифатите и да се запознавате и само тогаш можете да уживате во сопственото друштво.

4. Среќата значи исполнување на желбите

„Кога ќе добијам на лото, ќе го исплатам кредитот, ќе купам голем автомобил и конечно ќе бидам среќен.“ Да се биде среќен не значи дека да ги исполните сите материјални желби. Не мора сè да биде совршено за да бидете среќни. Среќата е благодарност за она што го имате и трпеливост за она што допрва треба да се случи. Нема потреба да се стремите кон големи цели, доволно е наутро да погледнете низ прозорецот и искрено да почувствувате дека сте среќни.

5. Не постои болка ако не ја гледате

Никогаш не потценувајте ја туѓата болка. Некои луѓе ја кријат подобро од другите. Оној што не плаче пред другите, не значи дека не вреска од болка во неговите четири ѕида. Не осудувајте ги другите и запомнете дека ако не ја гледате болката не значи дека ја нема. Секогаш бидете сочувствителни.

6. Силните луѓе никогаш не плачат

Во реалноста, најсилните луѓе се оние кои чувствуваат болка, ја прифаќаат и учат од тоа. Потребно е голема храброст да побарате пауза, да пролеете некоја солза, да ја истресете прашината од вас и потоа да се вратите назад во рингот, подготвени да се борите како да не сте го почувствувале ударот.

7. Фантазирањето е губење време

Она што можете да го доживеете и да го видите е само мал дел од она што е возможно. Имагинацијата ви дава бесконечен број можности. Никогаш не смеете да престанете да сонувате затоа што на тој начин се задоволувате со помалку. Но, не постои апсолутно никаква причина да не сакате големи работи за себе.

Прочитајте ги овие 15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар