15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо

15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо

Да имате внуци не е лесна задача што вклучува само играње и шетање во парк. Кога се замислувате како баба и дедо, веројатно замислувате дека постојано ќе добивате бакнежи и прегратки од вашите внуци. Но, постојат и многу други работи што никој нема да ви ги каже, а ова се некои од нив:

15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо

1. Ќе треба да останете во форма за да можете да го следите секој чекор на внуците.

2. Ќе доживеете ново, неописливо чувство на гордост на вашите деца.

3. Доаѓањето на вашите внуци ќе ве натера да размислите како вие ги одгледувавте своите деца.

4. Вашите деца ќе ве гледаат со сосема други очи.

5. Ќе мора да се придржувате кон правилата што ги поставуваат вашите деца, односно новите родители.

6. Ќе мора да прифатите дека времињата се сменија и дека старите правила и совети за родителите веќе не важат.

7. Не мора да се согласувате со сè и да бидете вклучени во апсолутно секоја минута од животот на вашите деца и внуци ако не сакате да го правите тоа.

8. Ќе сакате да им раскажувате семејни приказни и сеќавања на вашите внуци.

9. Новостекнатата улога ќе ве натера да размислите за сопственото детство и за предците.

10. Ќе уживате во создавањето ритуали и традиции заедно со внуците.

11. Несвесно ќе го приспособите вашиот дом според потребите на децата и ќе го претворите во игралиште.

12. Постојано ќе бидете во искушение да купите нови работи и играчки за внуците, иако знаете дека не им се потребни.

13. Ќе имате повеќе трпение и ќе бидете многу пофлексибилни со внуците отколку што бевте со сопствените деца.

14. Оној момент кога ќе пораснат вашите внуци и ќе го напуштат својот дом, ќе биде исто толку тежок колку моментот кога вашите деца го направија тоа.

15. Ќе започнете да цените потполно нови работи и моменти.

Прочитајте кои се 9-те одлични здравствени придобивки од внуците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар