Урнебесните твитови на Рајан Рејнолдс за убавините (и маките) на татковството

Урнебесните твитови на Рајан Рејнолдс за убавините (и маките) на татковството

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се едни од најтаинствените славни личности што постојат. Да, тие сè уште глумат и се појавуваат во јавноста, но кога станува збор за нивните домашни животи… па, тоа го задржуваат за себе. Токму затоа е и малку чудно што откривме дека Рејнолдс тивко почнал да пишува водич за родителството, твит по твит. Тој и Лајвли имаат две ќерки, 2-годишната Џејмс и 5-месечната Инес, па затоа и очигледно се експерти на оваа тема.

Урнебесните твитови на Рајан Рејнолдс за убавините (и маките) на татковството

Во ред, можеби не треба да ги сфатите советите на Рејнолдс многу сериозно, но сепак вреди да се прочитаат бидејќи ќе ве насмеат и ќе ве потсетат дека и тешките моменти со најмалите можат да предизвикаат добро расположение… ако знаете каде да погледнете! Уживајте!

„Отидов во Дизниленд бидејќи ќерка ми е опседната со Мики Маус. Таа беше многу возбудена кога се вратив дома и ѝ кажав.“

„По ѓаволите, колку е тешко да ја пуштите вашата мала ќерка да оди некаде сама за прв пат. Бев целосен хаос кога ја оставив на фестивалот ‘Burning Man’.“

„Мојата ќерка има само 6 месеци и веќе почна да црта. Би ѝ ги закачил цртежите на фрижидерот, но искрено, тие се ужас.“

„По утринските пелени, мојата ќерка конечно ја заслужи тетоважата со солза на нејзиното лице.“

„Ќерка ми само што ми кивна во уста додека зевав. Изгледаше многу задоволно со себеси. Шегата е на неа. Еден ден ќе треба да ме закопа.“

„Без разлика која детска книга ја читам на моето бебе што вриска во авион, поуката од приказната е секогаш поврзана со вазектомија.“

„Ја учам ќерка ми дека сонцето секоја ноќ заоѓа бидејќи ѝ е луто. Најверојатно некој ден ќе напишам книга за воспитување деца.“

„Да се биде татко е најдоброто чувство на Земјата. Не вклучувајќи ги оние прекрасни години што ги поминав без дете, секако.“

„Тиндер не е апликација за беби-ситерки. Им се извинувам на Кристал и Џанин за недоразбирањето.“

„Што е подобро од 12-часовно возење со 1-годишно дете што вриска? Да не е вклучен хепатитис.“

„Тотално попуштив и ѝ ги фрлив на ќерка ми клучевите од колата. Изгледаше многу среќно кога отскокнаа од нејзиното мало детско лице.“

„Обожавам да пишувам приспивни песни за мојата ќерка. Нејзините омилени се: „Сончева светлина, време за гушкање!“ и „Сите што ги знаеш со тек на време ќе умрат.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар