Умор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергија

Умор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергија

Амигдалата е дел од мозокот кој е одговорен за искажувањето и доживувањето емоции, а може да се каже дека е и „центар за тревога“ на нашиот организам. Сепак, таа не се развива во чекор со модерното општество, па не може да направи разлика помеѓу животните и перципираните опасности кои се тек на нашите мисли, чувства или уверувања. Како резултат на тоа, амигдалата може да го саботира вашето здравје, а вие воопшто да не бидете свесни за тоа. Ова посебно се однесува на хроничниот стрес, како и следните 5 работи.

Умор, нервоза, исцрпеност: 5 работи кои ви ја земаат животната енергија

1. Песимистичен поглед на светот

Ако сте личност која чашата ја гледа полупразна, вашиот преден мозок редовно комуницира со сите типови пораки испратени кон амигдалата. Мислите како „Ништо не ми оди од рака“, „Никој не ме сака“, Немам доволно пари“ и слично, стимулираат стресни реакции во организмот. Истражувањата покажуваат дека оптимистите имаат помал ризик да развијат срцеви заболувања во однос на песимистите и тоа за 77%.

2. Глад

Ако чувствувате глад, пораката која се испраќа до амигдалата вели дека сте во сериозен проблем. Ова може да биде и една од причините поради кои не можете да се ослободите од вишокот килограми или не можете да ја покачите телесната тежина, во зависност од режимот на исхрана што го практикувате.

3. Нездрави односи

Нормалните односи кои се полни со љубов, разбирање и поддршка ја смируваат амигдалата и се здрави за целото тело. Доколку тоа не е случај, тогаш подобро би било да бидете сами отколку во друштво со луѓе кои ви го загрозуваат нервниот систем. Кога се чувствувате загрозено во односот, независно дали станува збор за семеен, пријателски или љубовен, вашиот нервен систем тоа го перципира како опасност – не само физички, туку и емоционално.

4. Загриженост

Поради анксиозните мисли и нервозата, амигдалата станува вистински центар за тревога. Се разбира, грижите понекогаш е невозможно да се избегнат, но би било добро да се обидете да не се грижите околу работите кои не можете да ги контролирате. На тој начин загриженоста може значително да се намали, а со самото тоа да се спречи и појавата на стресот.

5. Непростливи замерки

Кога држите нетрпеливост кон поранешните партнери, родителите, шефот, тогаш само додавате масло на огнот. Амигдалата ваквите мисли и емоции ги толкува на ист начин како што го толкува чувството на глад или обидот за бегство од некоја непожелна ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар