Едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

Марта Стјуард е кралицата на рачните изработки. Без разлика дали се работи за совршен рецепт или за рачно изработена креација за домот, Марта е вистинскиот ментор. Господарката на кујната е позната по нејзините трикови, но последниот трик кој го сподели неодамна, навистина нè воодушеви, а станува збор за отстранување на досадните налепници со цена.

Трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

Доколку сте како нас, сигурно се радувате на некој нов апарат или кујнски прибор, но кога доаѓа моментот за одлепување на налепницата на која е напишана цената, тогаш работите стануваат незгодни. Но за среќа, Марта на својот Инстаграм профил, ја сподели својата тајна за отстранување на ваквите налепници. Единственото нешто што ви е потребно за изведба на овој трик е фен за сушење коса!

Во видеото Марта држи тава која изгледа дека е од нерѓосувачки челик. Во внатрешноста на тавата има бела налепница со бар-код и Марта со помош на фенот нанесува топол воздух на неа. Таа го држи фенот на околу 1,5 сантиметри оддалеченост во времетраење од 30-тина секунди. Потоа, со леснотија ја одлепува налепницата. Според неа, топлиот воздух од фенот помага во омекнување на лепилото, при што налепницата лесно се отстранува. Таа вели дека овој трик успева за налепници на метал, стакло, дрво, камен… на сè!

Во продолжение погледнете го и видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48) on

Оние што премногу долго се мачеле во одлепување вакви налепници, со сигурност би сакале овој трик да го знаеле порано. Се надеваме дека овој трик ќе ви помогне и вам!

Пробајте го и овој трик со цедалка и фен за фантастична и женствена фризура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар