Тестирајте ја вашата интелигенција со помош на овој креативен и забавен тест

Тестирајте ја вашата интелигенција како и начинот на кој размислувате со овој креативен тест. Доколку решите 17 од 19 прашања, тогаш вие сте високо на листата на интелигентни луѓе. Сè што е потребно е да земете лист и пенкало и да ги запишувате вашите одговори за да можете потоа да ги споредите со решенијата. Со среќа! Тестирајте ја вашата интелигенција со помош на овој креативен и забавен тест 1. Двајца шахисти одиграле 5 партии шах каде што секој од нив победил ист број пати. Но, ниту еден од нив не завршил со нерешена партија. Како е тоа можно?

2. Доколку имате само едно шкорче и влезете во соба каде што се наоѓаат газиена ламба, печка на нафта и печка на дрва, што прво ќе запалите?

3. Една жена му дала на скитник 50 денари. Жената на скитникот му била сестра, но скитникот не е нејзин брат. Како можете тоа да го објасните?

4. Колку длабоко може да истрча едно куче во шума?

5. Зошто човек кој живее во Скопје не може да биде закопан северно од реката Вардар?

6. Поделете го 40 со половина, па додајте 10. Кој е резултатот?

7. Земете 2 од 5 јаболка. Колку јаболка имате сега?

8. Кои зборови се испечатени на секоја денарска монета?

9. Во рака држите вкупно 55 денари во монети, а една од нив не е 50-денарка. Кои две монети ги држите во рака?

10. Археолог тврди дека пронашол две златни монети на кои пишува дека се од 45-тата година пред новата ера. Му верувате?

11. Некои месеци имаат 30 дена, некои 31, но колку имаат 28 дена?

12. Еден човек изградил куќа која има 4 ѕида, во форма на коцка. Секоја нејзина страна е изложена на југ, односно секој ѕид гледа кон југ. Еден ден тој наишол на мечка. Која боја е таа?

13. Еден овчар имал 13 овци. Сите освен 3 му умреле. Колку овци му преостанале?

14. Докторот ви препишал 3 капсули, кои треба да ги пиете по една на половина час. Колку време ќе ви треба да ги испиете сите капсули?

15. Колку видови животни одвел Мојсеј на својата арка?

16. „Ви гарантирам“, вели вработениот во продавница за животни, „дека овој папагал ќе ги повтори сите зборови кои ќе ги слушне.“ Откако новиот сопственик си го донел папагалот дома сфатил дека тој не повторува ниту еден збор. Но, продавачот не лажел. Како е тоа можно?

17. Фармерот Иво поседува 3 розови свињи, 4 кафеави свињи и 1 црна свиња. Колку од неговите свињи можат да кажат дека се иста боја како другите свињи?

18. Во еден сад има вино, а во друг вода. Доколку сипете една чаша вино во садот со вода, па потоа од мешавината вратите една чаша назад во виното, дали ќе има повеќе вино во водата или повеќе вода во виното?

19. Како станарите од зградата во која секој од 12-тe ката се именувани по месеците го викаат лифтот?

  • Решенија:

    1. Тие играле шах со други шахисти.

    2. Прво ќе го запалите шкорчето.

    3. Скитникот е женски род. Тие се сестри.

    4. До половина шума, а потоа ќе почне да излегува од неа.

    5. Затоа што не е мртов. Живее во Скопје.

    6. 90, бидејќи една половина е 0,5, а делењето со 0,5 е идентично na множењето со 2. Тоа значи дека треба да пресметате (40 x 0,5) + 10.

    7. Две јаболка. Вие земавте 2 јаболка.

    8. Ниту еден збор не е испечатен. Мастилото брзо би се избришало од нив.

    9. 50 денари и 5 денари. Пишуваше дека една од нив не е 50-денарка (не двете).

    10. Не. Како може некој да стави датум на нешто што сè уште не се случило (п.н.е.)?

    11. Сите месеци имаат 28 дена.

    12. Бела мечка. Доколку сите 4 ѕидови од нечија куќа гледаат кон југ тогаш тој се наоѓа на северниот пол каде што живеат само бели мечки.

    13. 3, другите му умреле.

    14. Еден час. Едната капсула веднаш ќе ја испиете, а останатите 2 на секој половина час.

    15. Ниту еден вид. Мојсеј не направил арка, тоа бил Ное.

    16. Папагалот е глув.

    17. Ниту една. Свињите не можат да зборуваат.

    18. Има подеднакво. Со добиениот шприцер всушност додаваме мала количина чисто вино во однос на големата количина чиста вода, што како таков го додаваме во чисто вино и затоа излегуваат исти размери.

    19. Притискаат на копче.

Колку од вашите одговори беа точни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Toa prasanje za papagalot moze da se odgovori i deka toj sto go kupil bil nem.

    • Моника Трајковска Reply

      Па и не баш. Тој што го купил сигурно живее со други луѓе кои не се неми. Или дури и да живее сам, сигурно има пријатели кои го посетуваат… 🙂

  2. blagojce Reply

    Решението на 18то прашање по мое мислење не е точно, како прво не е прецизирано колку вино и вода има во садовите, второ ако сипете една (полна) чаша вино во водата, по никоја логика не можи потоа да бидат подеднакво!

  3. blagpjce Reply

    така си е, моја грешка.. требаше математички да пресметам за да се уверам 🙂

Остави коментар