Тест: Изберете карта за да добиете совет од вашиот ангел!

Тест: Изберете карта за да добиете совет од вашиот ангел!

Фокусирајте се на овие четири карти. Дозволете да ве води вашата интуиција и без премногу размислување изберете една од нив. Картичката што ќе ја изберете ви носи совет од вашиот ангел.

Тест: Изберете карта за да добиете совет од вашиот ангел!

  • Карта бр. 1

    „Важно е да поминувате време сами во природа. Дури и прошетката од пет минути во парк може да биде лековита.“ Вашиот ангел ве советува почесто да комуницирате со природата затоа што тоа може да ви помогне побрзо да се опуштите и да ги оставите настрана хаотичните мисли и емоции. Ако некогаш сте размислувале да се извлечете од градската гужва, сега е вистинското време. Освен тоа, ангелот го посакува само најдоброто за вас и ве води до она што ви носи најмногу мир, љубов и радост. Тој ве советува да изберете професија која вклучува блиска врска со природата, на пример: градинарство, ветеринарна работа и грижа за животните.

  • Карта бр. 2

    „Слободни сте да ги изразувате вашите вистински мисли и чувства.“ Можеби се чувствувате заробени од животните околности во моментов. Дали има нешто од што би сакале да побегнете? Вашиот ангел сака да ви помогне да сфатите дека вие сте заробеници на сопствените мисли и дека можете да ја промените оваа ситуација. Не заборавајте дека секогаш кога ќе изберете да бидете слободни, ќе бидете слободни. Сè што правите во животот е ваш избор. Кога користите реченици како: „Морам да го направам ова“, го отежнувате животот и се чини како да немате многу избор. Наместо тоа, секогаш кога ќе наидете на предизвици охрабрете се со реченицата: „Јас можам да го направам тоа“. Ова ќе ви даде поголема слобода и ќе ви помогне да се чувствувате како да имате повеќе избори.

  • Карта бр. 3

    „Вашите намери го создаваат вашето искуство. Што ќе правите? Погрижете се вашите мисли и чувства да ги одразуваат вашите вистински намери.“ Ангелот бара од вас да ги оцените вашите очекувања. Што очекувате денес, утре или во иднина? Дали сте загрижени за иднината? Наместо да се фокусирате на негативното, поставете си јасна цел и направете план за нејзиното постигнување. На пример, замислете се себеси и другите во вашиот живот како среќни и успешни. Ангелот може да ви помогне да се ослободите од негативното ментално размислување и да отстапите повеќе простор на позитивното размислување што ќе ви даде сила и ќе ви го подигне духот.

  • Карта бр. 4

    „Грижете се за вашето тело. Хранете се здраво, вежбајте редовно и избегнувајте ги разноразните токсини.“ Време е да посветите повеќе внимание на вашето тело. Дали размислувавте да направите здрави промени во последно време? Ја избравте оваа картичка што значи дека имате можност да направите промени кои ќе му помогнат на вашето тело. Не заборавајте дека телото е како инструмент. Кога е наштиман, создава поголема хармонија. Почнете уште денес така што ќе изберете да се храните здраво и да вежбате секогаш кога ќе имате време. Ангелот ќе ви помогне да изберете здрава храна и ќе ве поттикне да вежбате доколку ви е тешко да најдете време за тоа. Сè што треба да направите е да бидете упорни докрај и да не се откажувате од своите цели за поздрав животен стил.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ви е потребно за мир и среќа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар