Тест: Изберете ангел за да добиете порака за денес!

Тест: Изберете ангел за да добиете порака за денес!

Нека интуицијата ве води при изборот на еден од овие три ангели. Откако ќе го изберете, прочитајте ја неговата порака!

Тест: Изберете ангел за да добиете порака за денес!

  • Ангел бр. 1

    На сите ни е потребна љубов во животот, но многумина од нас сакаат да бидат сакани на уникатен начин. Затоа, морате да бидете свесни за тоа како се појавува љубовта во вашиот живот и од кого доаѓа. Чекате личност која ќе ве сака онака како што сакате да бидете сакани. Сепак, застанете за миг и размислете. Ќе сфатите дека вие веќе сте опкружени со љубов. Не заборавајте дека љубовта е секогаш околу вас, доволно е само да ја забележувате одвреме-навреме.

  • Ангел бр. 2

    365 дена во годината претставуваат 365 нови можности! Не смеете да заборавите дека секој нов ден е можност да го промените вашиот живот на начинот на кој сакате. Дали сте задоволни од вашиот живот? Доколку одговорот е „не“ – мора да направите нешто во врска со тоа. Затоа, не пропуштајте ја шансата и започнете. Ако промените доаѓаат во вашиот живот со бавно темпо, денес е денот кога треба да започнете да носите големи и храбри одлуки. Секогаш имајте на ум дека промените доаѓаат кај оние кои не се плашат!

  • Ангел бр. 3

    Не заборавајте дека вашиот ангел-чувар е секогаш покрај вас. Затоа, чувајте го вашиот внатрешен мир и следете ја вашата внатрешна светлина. Не дозволувајте гневот да ве води и не ги игнорирајте луѓето кои ви даваат храброст да продолжите напред. Освен тоа, не плашете се да им верувате на луѓето. Никогаш не откажувајте се од вашите соништа, мисли и одлуки. Ви треба повеќе самодоверба за да дејствувате во согласност со вашето вистинско внатрешно „јас“.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да ја добиете вашата порака за оваа зима.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар