Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

Кога првпат излегуваме со некого на состанок, најчесто не знаеме што ќе произлезе од тоа, долга врска или забава за една ноќ. Но, доколку сакате да дознаете дали исто размислувате со вашиот актуелен партнер, има 3 едноставни прашања кои доколку ги одговорите исто, постои голема веројатност дека ќе опстанете како пар.

Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

1. Сакаш хорор филмови?
2. Имаш патувано некогаш сам/а надвор од земјата?
3. Нели би било забавно да баталиш сè и да одиш да живееш на брод?

Прашањата на прв поглед делуваат прости и нереални, но анализата направена од страна на блогот OkCupid опфатила 34.260 успешни љубовни двојки од кои 32% се согласиле на сите прашања.

Размислете малку наназад, можеби ќе си ги најдете причините за неуспехот на минатите врски, како и повод да ги расчистите овие прашања уште на следниот прв состанок. Секако, никогаш не е доцна да му направите минитест и на вашиот сегашен партнер. Пишете ни го резултатот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.