Статуи во Париз носат маски за дишење како протест на загадениот воздух

Статуи во Париз носат заштитни маски во знак на протест против загадениот воздух

На неколку статуи во Париз, лицата им биле покриени со заштитни маски во знак на протест против сериозните нивоа на загадување на воздухот на различни места низ светот. Притоа, истите маски зад кои стои шведскиот бренд „Аиринум“ се појавиле дури и на пистите на Модната недела во Париз.

Како поддршка на неодамна одржаниот самит на ООН за климатски промени во Њујорк, модната линија на дизајнерката Марин Сере вклучила „модни додатоци“ од компанијата за здравствена технологија „Аиринум“. Со тоа е означен зачетокот на визуелниот протест што го зафатил сиот град.

„Ги вклучивме маските за заштита од загадувањето во модната индустрија со надеж дека ќе поттикнеме некаква дебата во врска со тоа како климатските промени ќе променат сѐ, па дури и начинот на којшто се облекуваме. Учествувајќи на Модната недела, знаевме дека сите очи ќе бидат вперени во Париз, но сакавме да направиме разлика во уште пошироки размери со подигнување на свеста за проблемот и надвор од модната писта“, изјави Фредерик Кемп, еден од основачите на „Аиринум“.

Загадувањето на воздухот убива седум милиони луѓе секоја година, а новите истражувања покажуваат дека луѓето коишто живеат во краишта со многу загаден воздух имаат и ризик од појава на психички растројства.

„Самиот факт дека чинот на дишење убива седум милион луѓе годишно, а им штети на милијарди, е едноставно неприфатлив. Тоа и нѐ натера да ја започнеме оваа компанија. Маската може да спаси живот, но истовремено и да биде симбол за кризата со климатските промени“, дополнува Кемп.

И покрај тоа што климатските промени се во фокус на глобално ниво, и милиони млади луѓе учествуваат во климатските протести ширум светот, загадувањето на воздухот, сепак, е тема на којашто многумина воопшто не ни помислуваат. За среќа, постои нова генерација активисти коишто сликата за загаденоста се обидуваат да ја прикажат на нови начини, опоменувајќи нѐ секојдневно на страшните последици.

Прочитајте подетално зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар