Зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје?

Живееме во свет каде што ни се чини дека постојаните климатски промени се неизбежни и непобедливи. Но, нивното влијание не се одразува негативно само на животната средина, туку и на нашето психичко здравје. Најновите истражувања докажале дека климатските промени имаат негативно влијание на нашето ментално здравје. Имено, кога зборуваме за психичко здравје не мислиме само на неурамнотеженост на серотонинот или на трауми од детството. Нездравата животна средина може исто така да доведе до сериозни животни кризи и психички последици. Во продолжение прочитајте зошто климатските промени се лоши за вашето ментално здравје…

Зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје?

Природните катастрофи не оставаат негативни последици само на нашето физичко здравје, туку предизвикуваат и психички проблеми

Зголемената веројатност за природни катастрофи влијае негативно на менталното здравје на луѓето. Природните катастрофи оставаат трауми, непоправливи загуби и штети и големи кризи. Проблемите што настануваат при замена или поправка на домот, како и траумите предизвикани од загубата на членови од семејството и блиски пријатели, го зголемуваат нивото на стрес, анксиозност и чувство на вина. Од практична гледна точка, катастрофите им отежнуваат на луѓето да дојдат до лекарска помош и безбедно засолниште.

Климатските промени го менуваат нашиот живот дури и кога нема природна катастрофа

Негативното влијание на климатските промени не се чувствува само во случај на сериозна природна катастрофа, туку може да се забележи и во секојдневниот живот на луѓето, што е исто така голем причинител на психичките проблеми.

„Климатските промени влијаат на агрокултурата, инфраструктурата и целокупниот начин на живот, што може да ги принуди луѓето да се преселуваат од една земја во друга во потрага по подобра иднина. Ова може да доведе до загуба на личниот и професионалниот идентитет, загуба на социјалната поддршка, загуба на контролата и автономијата, како и до чувство на беспомошност, страв и безнадежност“, објаснуваат експертите.

Проценето е дека во 21 век, околу 30 милиони луѓе ширум светот бегаат од природни катастрофи, услови непогодни за живот, глад, поплави и суша. Тука не се вбројуваат луѓето кои се селат уште пред нештата да се влошат со надеж дека ќе најдат подобри животни услови и ќе успеат да ја одбегнат опасноста што им се заканува.

Зошто климатските промени се лоши за вашето психичко здравје?

Како што се менува климата, така се менува и начинот на кој живеат луѓето, што ја зголемува веројатноста за појава на депресија, отуѓување, анксиозност, траума, страв и други негативни емоции. Едно истражување од 2011 година покажало дека мигрантите се соочуваат со сериозни здравствени проблеми како последица од промените на живеалиштето, губењето на целиот круг на пријатели, преселбата од еден социо-економски систем во друг и културниот шок, а дискриминацијата со која треба да се справат во новото општество воопшто не им помага.

Повисоките температури доведуваат до поголеми меѓучовечки конфликти

Климатските промени можат значително да го сменат начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе, а тоа може да остави длабоки последици на нашата психичка отпорност. Едно истражување од 2013 година докажало дека во периодите со повисоки температури, конфликтите и насилството меѓу луѓето почнуваат да зачестуваат. Топлото време е тесно поврзано со зголемената нервоза и нетрпеливост кај луѓето. Експертите објаснуваат дека тоа е така затоа што кога температурите се високи, луѓето поминуваат повеќе време надвор и постојано се во контакт со други поединци, наместо да седат дома како што се случува во постудените периоди.

Температурите заедно со влошените животни услови и природните катастрофи ги зголемуваат шансите за насилство и конфликти меѓу луѓето, што доведува до нарушување на нивниот живот, преселби, загуби, трауми и стрес.

Луѓето треба да станат свесни за сериозните последици предизвикани од климатските промени и треба да почнат да придонесуваат за заштита на животната средина. Рециклирањето и користењето јавен превоз се одличен почеток на вашиот придонес за општеството во кое живеете, но и за вашето сопствено психичко здравје.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации на оваа тема, прочитајте како промената на климата ја менува отпорноста на нашиот организам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар