Смешни цитати за спиењето што ќе ве насмеат додека го пиете првото утринско кафе

Смешни цитати за спиењето што ќе ве насмеат додека го пиете првото утринско кафе

Уште еден работен ден. На работа сте веќе неколку часа, а сѐ уште не можете да се расоните. Постојано мислите на вашиот кревет и на тоа како ќе си легнете во него кога ќе си дојдете дома. Целосно ве разбираме! Токму затоа, наша препорака е да ги прочитате следниве смешни цитати за спиењето кои веднаш ќе ве расонат…

Смешни цитати за спиењето што ќе ве насмеат додека го пиете првото утринско кафе

Изгрејсонце? Не, благодарам!

„Не постои изгрејсонце кое е толку убаво што вреди да се разбудам за да го видам.“ – Минди Колинг

Имитирајте го вашето бебе

„Спијте кога вашето бебе спие. Сите го знаат овој класичен совет, но зошто да застанеме на него? Врескајте кога вашето дете вреска. Напијте се бенадрил кога вашето бебе пие бенадрил. Шетајте наоколу без гаќи кога вашето бебе се шета без гаќи.“ – Тина Феј

Заспан ученик

„Мислам дека спиењето беше мојот главен проблем на училиште. Кога часовите би почнувале во 4 попладне, сега ќе имав завршено факултет.“ – Џорџ Формен

Го сакате креветот само за себе?

„Смејте се и светот ќе се смее со вас, ’рчете и ќе спиете сами.“ – Ентони Барџес

Совет за сите парови

„Никогаш не си легнувајте лути. Останете будни и карајте се.“ – Филис Дилер

Пиење наспроти спиење

„Жал ми е за луѓето кои не пијат. Кога ќе се разбудат наутро, тоа ќе им е најдоброто чувство цел ден.“ – Френк Синатра

Услови за спиење

„Некои национални паркови имаат долги листи на чекање за да се резервира место за кампување. Кога мора да чекате една година за да спиете до дрво, нешто дефинитивно не е во ред.“ – Џорџ Карлин

Спиење со едно око отворено

„Лавот и телето можат да легнат заедно, но телето нема да спие многу.“ – Вуди Ален

Тајното оружје на децата

„Сите треба да имаат деца. Тие се најголемата радост во животот. Но, тие се и терористи. Ќе го сфатите тоа веднаш штом се родат и почнат да го користат недостатокот на сон за да ве скршат.“ – Реј Романо

Ве насмеавме? Прочитајте ги и следниве урнебесно смешни цитати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар