Урнебесно смешни цитати

Ви сервираме добра доза хумор за предпразнично расположение… :)

Урнебесно смешни цитати

„Се бања оној што го мрзи да се чеша.“

„Сите имаат фотографска меморија, но некои немаат филм.“

„Седам и си мислам… понекогаш само седам.“

„Кој е совршен? Никој! Па, зошто сакаш да бидеш никој?“

„Ако трет ден по ред не ви се работи, тогаш мора да е среда.“

„Детска мудрост: ако мама се смее на шегите на тато, значи дома има гости.“

„Заради Фејсбук, никако FACE-ов да ми види BOOK.“

„Кога ќе умрам, сакам тоа да биде мирно како што умре дедо ми, во сон. А, не да врескам како патниците во неговиот автомобил.“

„Жена без големи гради и задник е како село без црква и училиште.“

„Со непознат во ноќта, со СИДА утрото.“

„Ако еволуцијата е факт, зошто тогаш мајките сè уште имаат само по две раце?“

„Завршив ликовна академија, сега можам да се сликам.“

„Во мене се борат гениј и будала. Се плашам да не попушти паметниот.“

„Во нашето племе нема веќе канибали. Вчера го изедовме последниот!“

„Ќегоубијамонојштомигорасипалкопчетоспејснатастатурата.“

„Најбрз и најлесен начин да ги удвоите парите, е да ги свтикате и да вратите во паричникот.“

„Врв на упорноста: да пишуваш погрешна лозинка, сè додека компјутерот не ја прифати.“

„Изеди дабар – спаси дрво!“

„Ако си легнал без чевли, тоа значи дека си се вратил трезен.“

„Многу е тешко да го задржиш мислењето, особено ако никој не го бара.“

„Не си пијан, ако можеш да лежиш без да се држиш за подот.“

„Кога смртта ќе ти заѕвони на врата, направи се луд и крени ја телефонската слушалка.“

„Точноста ви гарантира само дека ќе ја направите грешката навреме.“

„Без храна можеш да живееш еден месец, без вода – една недела, а без памет – цел живот.“

„Има само два начина да се справите со жените… но никој не ги знае.“

„Не пијте додека возите – може да ви се истури пијалакот.“

„За да не се соочувате со мамурлакот, останете пијани.“

„Најсигурен начин да ја натерате сопругата внимателно да ве слуша, е да зборувате во сон.“

„Што значи да живееш во илузија? Кога после 25 години брак, откриваш дека сопругата не е страсна, туку асматичар.“

„Сите печурки се јадат, но некои само еднаш.“

„Сакај го ближниот свој, само внимавај да не те фатат.“

„Возам како гром. Секој ден удирам во некое дрво.“

„Времето е релативен поим, зависи од која страна на WC-то се наоѓате.“

„Постојано одам во џамија, но никако да најдам мој број чевли.“

„Зошто слонот има големи уши? За полесно да може да скока од цвет на цвет.“

„Смеј се… утре ќе биде полошо.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. име Reply

    Последното не е смешно.

  2. Ime Reply

    lol

Остави коментар