18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Човештвото постојано се надминува, а секој напредок успева да нè изненади. Но, низ што сè требало да поминеме за да стигнеме до овде? Овие факти ќе ви помогнат подобро да ја разберете историјата и да ја погледнете од малку поразлична перспектива.

1. Митот за киклопот

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Грчките митови се полни со приказни за киклопи. Но, дали тие навистина постоеле или пак биле помешани со нешто друго? Историчарите сметаат дека кога биле откриени остатоци од мамути, древните Грци не знаеле од каде потекнуваат овие огромни коски, па си донесувале свои заклучоци.

2. Копчиња на облека како лек за течење на носот

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Сигурно се имате прашано зошто има копчиња на ракавите и на машките и на женските палта. Денес ова е само декорација, но ова е изум на Наполеон Бонапарта. Тој наредил да се зашијат копчиња на ракавите на палатата на војниците со цел да ја искорени нивната навика да си го бришат носот со нив.

3. Хипократовата заклетва не е напишана од Хипократ

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Во првата верзија напишана од Хипократ, на лекарите им е забрането да прават абортуси и бил откриен концептот „медицинска тајна“. Целосната верзија која ни е позната денес се појавила многу долго по смртта на грчкиот лекар и филозоф.

4. Мравките војници се користеле за шиење рани

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Индијците низ историјата се познати како силни и независни луѓе. Тие успевале да ги шијат нивните рани со помош на мравки војници. Инсектите ги фаќале рабовите на раната со нивните вилици и не ѝ дозволувале да се отвори.

5. Фризерите биле заболекари

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

За време на Наполеонските војни, многу војници ги изгубиле нивните заби. Берберите од тој период не губеле време и почнале да прават вештачки вилици користејќи заби од мртви војници.

6. Имате главоболка? Имало лек и за тоа!

18 интересни историски факти коишто сигурно не ви ги кажале на училиште

Кога луѓето живееле само според нивните верувања и медицината не била многу популарна, тие ги решавале проблемите како што знаеле и умееле. Најпопуларниот лек за главоболка било врзување јаже, како оние за на бесилка, околу вратот на болниот.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар